НБ: Девизните средства на државата добиени со задолжувања се чуваат на сметка на НБ, конверзијата се прави во НБ и не значи печатење пари

Девизните средства на државата, вклучително и средствата добиени врз основа на задолжување или донации од странство, се чуваат на сметки во Народната банка и согласно со меѓународните стандарди претставуваат дел од девизните резерви.

Како дел од девизните резерви, овие средства претставуваат дополнителна поддршка за носителите на монетарната политика во одржување на стабилноста во економијата, појаснуваат од Народната банка по вчерашната објава за нивото и растот на девизни резерви.

-Секако, државата слободно располага со овие средства и во зависност од потребите за финансирање, како и досега, тие може да се користат за отплата на долг кон странство кој достасува во следниот период, други редовни плаќања на државата кон странство, како и за финансирање на буџетските расходи во домашната економија во домашна валута, наведуваат од Народната банка.

Конверзијата на девизите во домашна валута, како што истакнуваат, државата не може да ја направи во менувачниците, бидејќи тие работат исклучиво со физички лица. Конверзијата се прави врз основа на писмени барања доставени од страна на државата до Народната банка, која ги откупува овие девизи, а денарската противвредност се пренесува на трезорската сметка на државата. Притоа, нивото на девизните резерви останува непроменето (бидејќи државата ѝ ги продава девизите на Народната банка), и самата трансакција не значи „печатење на пари".

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер