Научниците збунети: Наеднаш потемне џиновска ѕвезда

Огромната sвезда Бетелгез, сместена во со coѕвездието Орион, одеднаш се затемни.

Бетелгез е една од најголемите познати sвезди, а нејзиниот радиус е еднаков на растојанието на Марс од нашето Сонце или можеби дури и до Јупитер.

Оваа гигантска sвезда е позната и по тоа што еден ден ќе експлодира и ќе се појави на нашето небо како супернова, при што нејзиниот сјај ќе биде видлив дури и во текот на денот, а во текот на ноќта може да блеска дури и колку месечината . Дали навистина ќе дојде до тоа и што може да се случи со Земјата во случај на таква неверојатна експлозија?

Од октомври годинава, научниците забележаа дека Бетелгез се затемнува, односно брзо го губи сјајот. Во декември беше објавена студија наречена Fainting of the Near Red Supergiant Betelgeuse, а Американското здружение на набљудувачи на променливи ѕвезди (AAVSO) неодамна потврди дека една sвезда навистина избледила, јавува EarthSky..

Црвениот гигант како Бетелгез живее брзо и умира млад, трошејќи го своето водородно гориво за помалку од 10 милиони години. На крајот, експлодира во супернова - исклучително моќна експлозија во која ослободува доволно енергија за да заблеска низ остатокот од галаксијата. Ваквата експлозија можеше да се случи за 100.000 години, но можеби порано, можеби дури и денес.

Астрономите веруваат дека веројатноста за експлозија на Бетелгез е многу мала и дека забележаното затемнување може да биде резултат на некаква ерупција на гас, прашина или некоја друга промена на површината на самата sвезда што влијае на нејзиниот сјај, пишува EarthSky.

Но, што би се случило ако Бетелгез наскоро експлодира ? Оваа sвезда е релативно „блиска“, оддалечена околу 450 светлосни години од Земјата. Кога ќе стане супернова, Бетелгез може да блеска енергично на нашето небо со недели или дури месеци, и, како што споменавме порано, дури може да го засени сјајот на Месечината. За наша среќа, ние сме надвор од „зоната на смртта“ што се протега во далечина од 50 светлосни години од експлозијата и нема да дојде до смртоносно зрачење. Во овој случај, суперновата Бетелгез едноставно би била научно интересен настан и исклучително фасцинантен небесен спектакл.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер