Научниците во облаците откриле бактерии, отпорни на антибиотици

Бактерии отпорни на антибиотици се откриени дури и во облаците, носени од ветрот понекогаш на големи растојанија, открива француско-канадското истражување.

„Овие бактерии обично живеат на лисјата или во почвата“, изјави вчера главниот автор на студијата Флорент Роси за АФП.

„Откривме дека ветрот ги носи во атмосферата и дека можат да патуваат на големи растојанија, па дури и да ја обиколуваат земјината топка на големи височини благодарение на облаците“, додава тој.

Со цел да се дојде до овие заклучоци, истражувачите од Универзитетот Лавал во Квебек и Универзитетот Клермон Оверњ користеа „правосмукалка“ со голема брзина за да земат примероци од облаците што се формираа над Пуј де Дом, заспаниот вулкан во централна Франција, правејќи го тоа од септември 2019 година до октомври 2021 година.

Од атмосферска истражувачка станица лоцирана на 1.465 метри надморска височина, научниците ги анализирале овие примероци за гени отпорни на антибиотици.

Облаците содржеле меѓу 330 и повеќе од 30.000 бактерии на милилитар вода, или во просек околу 8.000 бактерии на милилитар. 29 подтипови на гени отпорни на антибиотици се исто така идентификувани кај бактериите.

Со широката употреба на антибиотици во здравството, но и во земјоделството, овој тип на сој претставува „голем здравствен предизвик на глобално ниво“, се вели во студијата. Светските здравствени власти постојано ги истакнуваат ризиците поврзани со овие бактерии, кои го прават третманот на одредени инфекции сè покомплексен.

Студијата, сепак, не нуди заклучоци за можните здравствени ефекти од ширењето на бактерии кои носат гени за отпорност на антибиотици, проценувајќи дека само помеѓу 5 и 50 проценти од овие организми може да се живи и потенцијално активни.

„Атмосферата е многу сурова за бактериите, а повеќето од оние што ги најдовме беа бактерии од животната средина, со помала веројатност да бидат штетни за луѓето“, рече Флорент Роси.

„Значи, нема од што да се плашите кога шетате на дожд“, иронично додал научникот и додал: „Сè уште не знаеме дали овие гени можат да се пренесат на други бактерии“.

Сепак, длабокото следење на атмосферата може да овозможи да се лоцира од каде доаѓаат овие бактерии и на тој начин да се „ограничи нивното ширење“, сугерира Роси, земајќи ја како пример анализата на отпадните води за откривање на присуство на коронавирус и други патогени.

Студијата е објавена во мартовското издание на списанието Science of The Total Environment.

Почина таткото на Тоше Проески

По тешко боледување, почина Никола Проески – татко на легендарниот музичар Тоше Проески.

Тажната вест денеска на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. Таа со фотографијата на која се Никола и Тоше се прости од својот татко. Според пријатели на семејството, последниве месеци, тој се лечел во приватна болница во Скопје.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.

Локални избори во Велика Британија

Во Велика Британија денеска се гласа на локални избори кои се гледаат како последен тест на јавното мислење пред општите избори подоцна оваа година.

Прогнозите покажуваат дека владејачките конзервативци би можеле да изгубат до половина од советничките места што ги бранат и дека партијата очекува „значителни загуби“.

Повеќето места за реизбор последен пат беа оспорени во 2021 година, на врвот на популарноста на Борис Џонсон кога беше воведена вакцината против Ковид-19.

Исто така, се одржуваат вкупно 11 избори за градоначалник, вклучувајќи го и градоначалникот на Лондон меѓу фаворитот, актуелниот лабуристички градоначалник Садик Кан и конзервативната предизвикувачка Сузан Хол.

Прогнозите постојано го ставаат Кан пред Хол, а анкетата објавена во средата од Саванта го води Кан за 10 процентни поени, откако неговата предност се намали за време на кампањата. /МИА

Српската министерка за образование : Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека утре во Белград со програма наречена „Будење“ ќе се одбележи првата годишнина од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во кое животот го загубија девет ученици и еден работник од училишното обезбедување на 3 мај 2023 година.

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Министерката во изјава за РТС нагласи дека секој 3 мај ќе биде ден на голема тага и сеќавање на жртвите./МИА

притисни ентер