Научниците со сензационално откритие: Лек против ХИВ може да спречи мултиплекс склероза

Неколку студии во текот на изминатата деценија покажале дека луѓето со мултиплекс склероза (МС) кои користеле антиретровирусна терапија за ХИВ доживеале или отстранување на симптомите на МС или забавување на болеста.

Ова ги навело истражувачите да се запрашаат дали ХИВ или антиретровирусните средства можат да влијаат на ризикот од развој на мултиплекс склероза. Најновата студија објавена во Annals of Neurology верува дека одговорот е да, пишуваат Кајла Мекеј, професорка по невроепидемиологија на Институтот Каролинска и Елеј Кингвел, истражувач од Универзитетскиот колеџ во Лондон, за The Conversation.

- Многу е тешко да се биде сигурен дали МС е погодена од ХИВ или антиретровирусни лекови бидејќи е неопходно да се следат големи групи на луѓе кои имаат ХИВ и МС во подолг временски период. Три студии претходно се обидоа да дадат одговор, но или имаа премалку пациенти или немаа доволно информации за третманот. Затоа не дадоа дефинитивен одговор. За нашата студија користевме податоци за луѓе кои имаат и ХИВ и МС. Тоа се речиси сите луѓе од Канада и Шведска кои ги имаат овие болести од 1992 година во Канада и 2001 година во Шведска - изјавија тие.

Како што додаваат, резултатите од студијата не можат да покажат дали ризикот од развој на мултиплекс склероза е намален со ХИВ или антиретровирусна терапија, туку дека постојат биолошки причини за двете теории.

- ХИВ доведува до прогресивно губење на ЦД4+ Т-клетките, кои се поврзани со МС, бидејќи тие иницираат настани што доведуваат до воспаление во мозокот и 'рбетниот мозок. Меѓутоа, откритието дека ризикот од МС е помал кога лековите го потиснуваат ХИВ дава надеж дека во прашање е третманот, а не болеста. Можен механизам за ефикасност во намалувањето на ризикот од развој на мултиплекс склероза е инхибицијата на вирусот Епштајн-Бар. Има сѐ повеќе докази за важноста на улогата на вирусот Епштајн-Бар кај мултиплекс склероза - велат Меккеј и Кингвел.

Антиретровирусните својства на лековите за ХИВ може да ја намалат активноста на вирусот Епштајн-Бар, додаваат тие.

Според студијата, во истражувањето биле испитани податоци за 29.163 ХИВ позитивни лица. Во текот на повеќегодишното следење, евидентирани се 14 случаи на МС, а се очекувале 26.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер