Научниците се блиску до решение на мистеријата за површината на Сонцето

Научниците со години се обидуваат да ја решат  мистеријата што се јавува на површината на сонцето, односно не им е сосема јасно зошто надворешниот дел од атмосферата на нашата sвезда е сто пати потопол од површината на Сонцето.

Астрофизичарите претпоставуваат дека овој интересен феномен би можел да биде предизвикан од млазеви на соларна плазма кои излегуваат од внатрешноста и доведуваат до затоплување на надворешната атмосфера на Сонцето, но оваа хипотеза досега не е потврдена со дополнителни набљудувања, пренесува Science Alert.

Во најновата студија со наслов „Generation of solar spicules and subsequent atmospheric heating “, објавена во научното списание Science, астрофизичарите забележале дека магнетните полиња на површината на Сонцето се ротираат и се усогласуваат и со тоа произведуваат такви млазеви.

Тие забележале дека енергијата на магнетното поле се претвора во кинетичка и топлинска енергија, која потоа се пренесува во соларната плазма. Спикулите потоа се пробиваат низ хромосферата и одат сè до најоддалечениот слој на сончевата атмосфера - короната.

„Сликите со висока резолуција на сончевиот телескоп „Goode Solar“ јасно покажуваат дека се создаваат моќни млазеви плазма при повторно поврзување на спротивните магнетни полиња во долната сончева атмосфера“, изјави астрофизичарот Венда Као од Институтот за технологија во Њу Џерси.

„Ова е прв пат да видиме директен доказ за начин за формирање на шпикулите односно млазевите на соларна плазма“, додаде таа.

Овие се навистина големи млазеви, широки од 200 до 500 километри, а понекогаш високи и до илјада километри, и тие можат да се движат многу брзо - околу 100 километри во секунда.

Астрофизичарите ги проучувале и сликите на опсерваторијата за соларна динамика на НАСА за да измерат колку енергија се пренесува на горните слоеви на сончевата атмосфера.

Овие снимки потврдија дека шпикулите биле способни да достигнат и температура од околу милион степени Целзиусови, што би била доволно енергија за екстремно загревање на короната.

Се разбира, оваа студија сè уште не е цврст доказ дека шпикулите ја загреваат короната. Но, таа дефинитивно презентира докази за поддршка на оваа хипотеза и помогна да се разбере формирањето на шпикули и нивните циклуси.

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Фото:Убавата Дилета ја отвори сезоната на костими за капење

Најатрактивната спортската новинарка и водителка во Европа, Италијанката Дилета Леота, набрзо по раѓањето на своето прво дете, ќерката Арија, се врати на работа пред ТВ екраните и фудбалските стадиони.

Убавата Дилета е во брак со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.

Благодарение на редовните тренинзи и адекватната исхрана, убавата и згодна мама брзо ја врати линијата што ја имаше пред породувањето, а нејзините обожаватели ширум светот со нетрпение го очекуваа враќањето на Дилета во ритамот од пред бременоста и објавувањето на фотки во бикини.

Тоа на нивна радост и се случи, Дилета објави фотографии од базен, каде со ќерката ужива во приватноста на својот дом, а дека изгледа бомбастично докажа и во едноделен розов костим за капење кој одлично и стои.

Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи

Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер.

Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од 8, а максимална дневна до 27 степени.

притисни ентер