Научниците пронашле крв и урина во течна состојба во тело на коњ стар 42 000 години

Руските научници во областа Верхојанск , во Сибир нашле крв и урина во течна состојба во тело на смрзнато ждребе , старо 42 000 години.

Директорот на Музејот на мамути во Јакутск , Семјон Григориев , вели дека течностите ги извадиле од телото на праисториското ждребе во надеж дека ќе може да го клонираат животното. Телото го пронашле трагачи по заби од мамут во 2018 во пермафрост , смрзната земја во поларниот дел на Сибир и тоа во кратерот Батагајка.

,,Ждребето имало само две недели кога починало , веројатно зашто се удавило во калта , што подоцна се претворила во пермафрост. Обдукцијата покажа дека телото е исклучително добро сочувано. Влакната се наоѓаат на поголем дел од телото , особено на главата и нозете . Сега дознавме која боја билокрзното на изумрените коњи од времето на Плеистоцен.” , вели Григориев.

Поради мумификацијата на животните, ова е прв случај да се најде течна крв во тело на праисториско животно. Григориев вели дека соработуваат со научници од јужнокорејскиот институт СООАМ , со кои настојуваат да го клонираат ждребето.

Директорот вели дека е скептичен во врска со тоа , бидејќи сепак ДНК била оштетена зашто црвените крвни клетки не ја содржеле веќе. Сега бараат зачувани клетки од мускулите и внатрешните органи за од таму да извлечат ДНК за клонирање.

На денешен ден

2 мај

1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл, основач и теоретичар на модерниот ционизам, кој се залагаше за основање еврејска држава во Палестина и го разработи концептот на таа држава. Тој во 1897 година бил избран за прв претседател на Светската ционистичка организација. Негови познати дела се „Еврејска држава“, „Стара Нова земја“ и други.

1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почнал Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот бил избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјасни за кревање востание.

1933.- Германскиот канцелар Адолф Хитлер ги укинал синдикатите.

1949.- Во Струмица бил формиран Народниот театар „Антон Панов“. Во театарот била изведена првата претстава "Бегалка" од македонскиот писател Васил Иљоски.

1960.– Во Валандово е роден Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија, избран на претседателските избори во 2009. На функцијата стапил на 12 мај 2009, а за втор мандат бил избран во 2014 година. Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје. За време на претседателските избори во 2009, Иванов добил поддршка од повеќемина јавни личности од академската, политичката, културната и спортската фела. На неговата прва инаугурација присуствувале претседателите на Србија, Хрватска, Албанија и Црна Гора. Во 2014 освоил втор претседателски мандат, но не бил признат од СДСМ поради обвинувања за изборен фалсификат и од ДУИ поради немање поддршка од Албанците во Македонија. За време на вториот мандат ги заладил односите со ЕУ и Германија, обвинувајќи ги за неажурност во справувањето со европската мигрантска криза. Во политички кризните години од 2014 до 2017 се застапува за принципиелна одбрана на уставниот поредок, унитарноста и милтикуртурализмот на Република Македонија. Континуирано и неотстапно во меѓународни рамки настапува во одбрана на уставното име на Република Македонија и во одбрана на историските идентитетски придобивки на македонскиот народ.

1967.- Лабуристичката Влада на Харолд Вилсон побарала членство на Велика Британија во Европската економска заедница, завршувајќи ја долгата дебата за тоа дали Лондон треба да и пристапи на таа групација.

1994.- Нелсон Мандела и неговиот Африкански национален конгрес ги освоиле првите парламентарни избори во Јужна Африка, на кои првпат во историјата на оваа земја право на глас имале сите граѓани независно на нивната раса.

2002.- Русија го спуштила знамето во Кам Ран, поморска и воздухопловна база на јужниот дел на Виетнам, напуштајќи ја последната база во странство по завршувањето на студената војна.

2011.- Во Пакистан бил убиен најбараниот терорист на светот, лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен. Американскиот претседател Барак Обама рано изутрината по средноевропско време изјавил дека мала група Американци го убила Бин Ладен во еден објект во Пакистан и како доказ го имаат неговото тело. Пакистански официјални претставници соопштиле дека Бин Ладен бил убиен во напад на четири хеликоптери во квартот Билал во Аботабад, град кој се наоѓа на околу 100 километри североисточно од Исламабад. Официјални претставници во Пешевар изјавиле дека заедничката операција ја извршиле Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и пакистанските безбедносни служби. Телото на лидерот на терористичката организација Ал Каеда, Осама бин Ладен, било „погребано“ на непознато место во море.

2015.- На 89-годишна возраст починала светски познатата балерина Маја Плисецкаја. Плисецкаја била родена на 20 ноември 1925 година и таа е една од двете балерини на Советскиот Сојуз која ја добила титулата „Prima ballerina assoluta“. Таа првпат влегла во Бољшој театар во 1943 година, каде веднаш се покажала како една од најдобрите балерини на својата генерација. Танцувала околу 50 години во овој театар, многу подолго од предвидената возраст, на која обично се пензионираат руските балерини.

2015.- Сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт Миделтон родила ќерка. Девојчето било тешко 3,7 килограми, а на породувањето во лондонската болница „Сент Мери“ присуствувал и принцот Вилијам.

2022.- Почина Душко Миновски, првиот претседател на Комисијата за заштита од дискриминација. Тој ја водеше Комисијата од нејзиното основање, во периодот од 2011 до 2016 година. Миновски беше и државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, како и државен советник за стратешко планирање и меѓуресорска координација на проекти за реформа на јавната администрација. Миновски беше познат како теренски работник, а имаше и долгогодишно искуство во социјалната служба. /МИА

СДСМ: Глас за СДСМ е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

Глас за СДСМ на 8-ми мај е глас за поголеми плати и унапредени работнички права.

СДСМ ја зголеми минималната плата за скоро три пати од 8.000 на 22.500 денари и таа ќе продолжи да расте со воспоставена методологија.

Просечната плата е двојно зголемена, во однос на 2016 година на речиси 40.000 денари. Платите во образованието и здравството се двојно поголеми, покачени се платите во образованието, полицијата, армијата, социјалните служби, во сите сектори.

СДСМ беше рамо до рамо со работниците во време на големите кризи – економската, енергетската и здравствената, помогна да се спасат илјадници работни места.

Со социјален дијалог ги решава предизвиците и го слуша гласот на работниците.

Со СДСМ е можен европски животен стандард, со просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра.

Програмата за млади предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра.

Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари.

Работниците и нивниот труд се двигател на секоја економија, на секоја држава.

СДСМ нема да се откаже од унапредување на работничките права, раст на платите, подобро платени работни места.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски од голтар до милионер

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт.

Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт заобиколувајќи ги законските процедури извршил распределба на пари преку така наречените ваучери до клубови и федерации, кои одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување.

Каевски е фатен на дело, и веќе на сите им е јасно зошто излегуваше и ширеше лаги и манипулации во јавноста.

Тоа се кадрите на СДС, како Дарко Каевски, вмешани во криминал и корупција.

Време е Македонија да се ослободи од криминалците како Каевски. Време е да ја вратиме Македонија на народот. Македонија повторно твоја.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер