Научниците предупредуваат: Не е испитано влијанието на генетски модифицираните култури

Генетски модифицираните (ГМ) култури постојат насекаде низ светот, но нивното влијание врз животната средина не е доволно проучено.

„Поради промените што ги носат, неопходно е позначајно да се проценат долгорочните ефекти на ГМ културите врз здравјето на луѓето, биодиверзитетот, уништувањето на шумите...“, е заклучокот од истражувањето на научниците од Универзитетот во Торонто и Мисисага.

Новата студија, објавена во списанието Science, ги проучувала најчестите генетски модификации на четири видови култури - соја, пченка, памук и канола, објави Универзитетот, а пренесува EurekAlert!

Иако ГМ културите даваат повеќе плодови и носат поголем профит, тоа може да доведе до промени во земјоделските традиции и на тој начин да влијае на животната средина. На пример, земјоделците може да ја зголемат употребата на пестициди кога културите ќе станат отпорни на хербициди или штетници.

- Зголемувањето на продуктивноста на земјиштето преку повисоки приноси може да го направи земјоделското земјиште генерално попрофитабилно, што може да ја поттикне земјоделската експанзија. Меѓутоа, зголемената понуда потоа може да ги намали цените на културите, што ја намалува преобразбата на земјиштето во земјоделско земјиште на друго место. Овие промени имаат потенцијал да предизвикаат уништување на шумите, загадување, да ја зголемат емисијата на стакленички гасови и да влијаат на човековото здравје и биодиверзитетот - изјави Едвардо Соуза-Родригез, вонреден професор на Катедрата за економија на Универзитетот во Торонто и Мисисага.

- Иако постигнавме напредок во разбирањето на влијанието на ГМ културите врз нашата животна средина, има многу што се уште е непознато и мора да се проучи за да се поддржат земјоделските практики кои се подобри за животната средина - додаде Суза-Родригез.

Студијата заклучува дека се потребни повеќе истражувања за да се разберат долгорочните ефекти на ГМ културите. Собирањето подетални податоци за животната средина, особено за дивиот свет, подобро ќе го измери нивното влијание и ќе ги поддржи земјоделските практики кои промовираат одржливо земјоделство, се вели во соопштението.

Грчките власти им забраниле влез на албанските новинари за да присуствуваат на собирот на Рама

Грчките власти не им дозволиле влез на албанските новинарски екипи кои требало да ја следат утрешната средба на премиерот Еди Рама со албанската дијаспора во Солун.

- Новинарите беа запрени со образложение дека не ја запазиле регуларната процедура. Од нивна страна е демантирано ова образложение на грчките власти наведувајќи дека надлежните се известени за имињата на медиумските работници кои ќе одат во Солун, објави Ора њуз.

Според албанските новинари, грчката гранична полиција не им дозволила да поминат без да добијат овластување од грчкото МНР.

- Во меѓувреме во Солун веќе се пристигнати припадници на албанската национална гарда и специјалната единица "Ренеа", кои заедно со грчката полиција ќе се грижат за обезбедување на настанот, наведува телевизијата.

Средбата во Солун е закажана за 11 часот, а грчките десничарски екстремистички групи најавиле дека ќе протестираат пред салата каде што ќе се одржи средбата на премиерот Рама со албанската дијаспора.

Уапсен маж по експлозијата во Атина, во која загина едно лице- познати се деталите

Грчката полиција уапси 31-годишен маж, кој е осомничен за експлозијата на бомба во стан во Атина, во која загина еден маж, а една жена е тешко повредена.

Полицијата соопшти дека случајот е поврзан со герилски групи и дека експлозијата се случила при изработка на бомба, пренесе Ројтерс.

Уапсениот Грк вчера сведочеше и рече дека ги споделил клучевите од станот со парот осомничен за експлозијата, но негирал каква било вмешаност во инцидентот.

Во текот на изминатите 20 години, во Грција се појавија бројни левичарски и анархистички герилски групи кои објавија војна против сите форми на владеење, по уништувањето на групата „17 Ноември“.

Експлозии на бомби и подметнати пожари врз политичари, полицајци, судии и бизниси беа вообичаени за време на грчката должничка криза од 2009 до 2018 година.

Претседателот на Австрија оди на операција на ‘рбетот, ќе го менува канцеларот

Претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, кој го надгледува спроведувањето на коалициските преговори по неодамнешните избори во земјата, ќе мора да оди на операција на 'рбетот, соопштија од неговиот кабинет.

Овој 80-годишник, кој е на чело на државата од 2017 година, од почетокот на годината се бори со дегенеративни промени на интервертебралниот диск.

„Неодамна неговата состојба се влоши. Тој ќе биде подложен на рутинска операција во Виена во следните денови“, соопштија од неговиот кабинет. За време на лекувањето и закрепнувањето на претседателот, ќе го застапува канцеларот Карл Нехамер, соопштија од кабинетот на Ван дер Белен.

„На претседателот му посакувам успешен третман и брзо закрепнување“, напиша Нехамер на X.

притисни ентер