Научниците и натаму без објаснување за топчестите громови (ВИДЕО)

Громовите во облик на топка се многу ретки и до денеска се неиспитани феномени.

Овие молњи со облик на топка очевидците ги доживуваат како вселенски летала или како чудни електрични суштества. За нивната појава има многу теории , а една од најбизарните е дека воопшто не станува збор за молња туку за меур со светло, пишува Science Alert.

Најновата студија токму оди во насока на последната претпоставка . научниците сметаат дека станува збор за светло заробено во меур од воздух. Нивното формираљње многу тешко се одредува. Имаа дијаметар од 10 до 20 сантиметри , а некогаш и до неколку метри. Кусо време лебдат над површибната на земјата , па исчезнуваат по десетина секунди.

Се поврзуваат со невреме и грмежи , но траат подолго од блесокот на молњите. Околу вистинската природа на овој феномен спорат руските и кинеските научници.

Додека за руските , станува збор за воздушен меур , што веќе го произвеле во лабораторија, кинеските , кои уловиле вистинска топчеста молња со спектрограм велат дека во нејзиниот состав има елементи на земја.

Скај Њуз: Кина го хакирала платниот систем на британското Министерство за одбрана

Британскиот портал Скај њуз денеска објави дека кинеската влада извршила неколку кибер напади врз платниот систем на британското Министерство за одбрана, кој содржи приватни информации за воениот персонал.

Членовите на Долниот дом на британскиот Парламент денеска ќе бидат информирани за овој инцидент.

Пратеникот на Конзервативната партија Тобијас Елвуд изјави дека Кина „најверојатно бара финансиски слабости“ кај воениот персонал за да натера некои припадници да соработуваат со Кина во замена за пари.

„На потешкиот начин учиме како уметноста на војување брзо се менува со напредокот на технологијата. Одбраната на дигиталниот терен сега е исто толку важна како и одбраната на физичкиот. Доколку овој вид на кибер напад се случува во Велика Британија, можеме да претпоставиме дека ќе бидат нападнати и други земји-членки на НАТО“, рече Елвуд.

Истрагата на Министерството за одбрана досега не покажала дека се украдени некои податоци.

Катовице: Во салата каде попладнево ќе заседава полската влада пронајден апарат за прислушување

Во салата во седиштето на Шлезискиот регион во Катовице, пред попладневната седница на чешката влада, откриен е и демонтиран апарат за прислушување, соопшти портпаролот на министерот координатор на полските безбедносни служби, Јацек Добжињски.

Службата за државна безбедност и Агенцијата за внатрешна безбедност ја демонтирале направата и покрената е истрага за тоа кој ја поставил.

Полската влада попладнево ќе одржи вонредна седница во Катовице бидејќи премиерот Доналд Туск и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се главни гости на меѓународниот економски форум во тој град на југот на Полска.

Владата нема „чувствителни“ теми на дневниот ред на денешната седница, најавено е дека ќе одлучува за помош на граѓаните за плаќање на енергетски производи и предлогот за Законот за дигитални комуникации со кој во полските закони се воведува кодот на Европската унија во таа област.

Грчкото МНР реагира по одлуката на Турција манастирот Хора да работи како џамија

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија.

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија, истакнувајќи дека тоа „претставува провокација за меѓународната заедница бидејќи го менува неговиот карактер како споменик на светското културно наследство на УНЕСКО што му припаѓа на човештвото“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР додадоа дека „зачувувањето на универзалниот карактер на спомениците и почитувањето на меѓународните стандарди за заштита на верското и културното наследство е јасна меѓународна обврска која ги обврзува сите држави“.

притисни ентер