Научниците докажаа : Јадењето црвено месо го зголемува ризикот од рак на дојките

Новата студија , на која тим научници работеле осум години , покажа дека конзумирањето црвено месо за 23% го зголемува ризикот од појавата на рак на дојките.

Со студијата , објавена во стручното списание International Journal of Cancer, научниците сакале да ја откријат поврзаноста меѓу конзумирањето црвено месо и појавата на рак на дојката на 42 012 жени во САД. Развојот на состојбата бил следен во просек 7,6 години, а учесници во испитувањето биле жени на возраст од 35 до 74 години кои имале барем еден случај на рак на дојка во семејството. За време на споменатиот период, биле дијагностицирани 1536 инвазивни карциноми на дојка.

Тим научници предводени од епидемиолог од универзитетот Колумбија, Џејми Ј Ло, откриле дека жените кои консумираат повеќе црвено месо, повеќе од една четвртина килограм или повеќе на ден, се изложени на 23 проценти поголем ризик од развој на инвазивен карцином на дојка во споредба со жените кои не консумираат црвено месо. Во исто време, месото од живина имало 15 проценти помал ризик за развој на рак на дојка во споредба со жените кои јаделе помали количини.

Поточно, студијата утврдила дека ризикот од карцином на дојка е многу помал кај жените кои го заменуваат месото со живина како пилешко, мисиркино, од патка, гускино месо за разлика од оние кои јаделе црвено месо - говедско, телешко, свинско, јагнешко и месо од дивеч.

Набљудуваниот однос не се сменил дури и кога истражувачите пресметале дополнителни фактори што може да влијаат на резултатите, како што се семејна историја на карцином на дојка, дебелина на женските субјекти, фреквенција на физичка активност, метод на подготовка на месо и консумација на алкохол.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер