НАТО ќе го зголеми военото присуство на Балтичкото Море

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека Алијансата ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море, откако Финска зароби танкер поврзан со Русија поради можноста дека бил користен за саботажа.

Руте, во објава на мрежата Х, рече дека разговарал со финскиот претседател Александар Стуб и изразил солидарност со таа земја во тековната истрага за саботажата.

„НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море“, рече Руте.

Финските власти вчера задржаа брод поврзан со соседна Русија, сега во фински територијални води, додека истражуваат дали оштетил кабел за напојување во Балтичкото Море и неколку кабли за податоци.

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови

Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер кој во регионот на Штип достигнуваше брзина до 45 километри на час. 

Изутринава времето е сончево со мала до умерена локална облачност.

Најстудено беше на Попова Шапка кае е измерена температура од – 7 степени Целзиусови по што следат Крушево со – 5 и Маврови Анови со – 4, - 3 степени се измерени во Берово, -2 во Петровец, Штип и Виница, -1 во Скопје кај Зајчев Рид, Битола, Струмица, Тетово, Крива Паланка и Охрид, 0 во Демир Капија, Претор и Прилеп, 1 во Кавадарци и Велес, а најтопло беше во Гевгелија каде е измерена температура од 2 степена Целзиусови.

Најмногу дожд 5 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Тополчани, 4 во Пожар и 1 во Крива Паланка, а највисока снежна покривка од 59 сантиметри има во Маврови Анови, 54 сантиметри се измерени на Попова Шапка, 24 во Крушево и 2 во Тетово.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне од 3 до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени Целзиусови.

Во Хрватска предизборен молк во пресрет на утрешните претседателски избори

Во Хрватска од полноќ стапи на сила изборниот молк во пресрет на неделните претседателски избори, на кои ќе учествуваат осум кандидати. 

Фаворит е актуелниот претседател Зоран Милановиќ (58), кој повторно влезе во трката за нов петгодишен мандат како кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП).

Предизборните анкети предвидуваат дека Милановиќ во недела нема да може да освои повеќе од 50 отсто од гласовите, што е неопходно за победа во првиот круг, но дека во вториот круг ќе се соочи со кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац, кого го нарече „лажен како банкнота од 13 евра и здодевен како пријателски натпревар“.

Право на глас имаат речиси 3,8 милиони гласачи, од кои околу 250.000 се активно регистрирани во странство. Над 6.750 избирачки места ќе бидат отворени за избори.

Изборниот молк ќе трае до затворање на гласачките места во недела во 19 часот, кога се очекуваат првите резултати од излезните анкети.

Државната изборна комисија ќе почне со објавување на првите нецелосни резултати од 20 часот.

На претстојните избори учествуваат вкупно осум кандидати, што е за три помалку од претходните во 2020 година. Покрај Милановиќ и Приморац, меѓу најзначајните се и заменичката на зелено-левичарската платформа Можеме, Ивана Кекин (40) и независната кандидатка и пратеничка Марија Селак Распудиќ (42), која во Собранието влезе на листата на десничарската партија Мост, која во меѓувреме ја напушти.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Промоција плус“ од 19 до 23 декември, врз основа на примерок од 1.000 испитаници, покажа дека Милановиќ има поддршка од околу 39,3 отсто од анкетираните, а Приморац 24,3 отсто. Селак Распудиќ има околу десет отсто, а Кекин околу осум отсто.

Од преостанатите четворица кандидати, според анкетите најдобро стои кандидатот на Мост, Миро Буљ, кој има 3,8 отсто поддршка од испитаниците. Кандидатката на партијата Дом и Национален собир (Домино) Бранка Лозо и независниот кандидат Томислав Јоњиќ, двајцата од десниот политички спектар, имаат околу два отсто, додека независниот Нико Токиќ Картело има 0,6 отсто.

Речиси десет проценти од избирачите се неопределени.

Ова се осми претседателски избори во Хрватска од независноста. Претседателот се избира со мандат од пет години и може да биде избран најмногу двапати.

Од независноста на Хрватска, Фрањо Туѓман и Стјепан Месиќ беа претседатели во два мандата. По еден мандат освоија Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар Китаровиќ. Актуелниот претседател Зоран Милановиќ на овие избори се бори за втор мандат.

Новогодишна вечер со Канал 5

На 31 декември Новогодишната вечер поминете ја со Канал 5 телевизија , заедно весели да ја дочекаме новата 2025-та година!

Ви упатуваме желби за здравје, за среќа, за љубов, за бериќет, за успеси..!!!

На 31 декември со музика почнуваме во 21 часот.

притисни ентер