Насекаде низ САД се подигаат спомен-обележја за жртвите од ковид (ВИДЕО)

Како што светот се приближува до бројката од пет милиони смртни случаи од Ковид-19, споменици - големи и мали, минливи и епски - се појавија низ Соединетите држави.

Во Њу Џерси, скромниот споменик покрај океанот што една жена го подигнала во чест на нејзиниот покоен брат, охрабри илјадници други, додека во Лос Анџелес, проектот на средно училиште вклучува стотици имиња од целиот свет.

Сузан Бренан Фирстенберг од Вашингтон, купила повеќе од 630.000 бели знамиња во јуни, за сите Американци кои подлегнале на вирусот, за да ги постави на привремен споменик на Националната улица во Вашингтон.

Мислела дека ќе биде повеќе од доволно, но згрешила. До моментот кога инсталацијата е отворена, на 17 септември, повеќе од 670.000 Американци починале бидејќи делта сојот на вирусот предизвика нов смртоносен бран. На крајот од двонеделната изложба, бројот на починати надмина 700.000.

Фирстенберг била зачудена од тоа како реагирале странците и се поистоветиле со болката покажана на уметничката инсталација која заврши на 3 октомври. „Бев воодушевена од подготвеноста на луѓето да ја споделат својата тага и подготвеноста на другите да ја почитуваат“, рече таа.

Уметничката претходно поставила речиси 270.000 бели знамиња пред стадионот РФК во Вашингтон минатиот октомври, што го претставуваше бројот на Американците кои починале во тоа време.

Во јануари, Рима Саман го напишала името на нејзиниот брат Рами на камен што го поставила на плажата во нејзиниот роден град Белмар, Њу Џерси. Таа го опкружила каменот со школки наредени во форма на срце.

Импровизираниот споменик брзо се зголемил откако Саман ги поканила другите преку онлајн група на сличен начин да се потсетуваат на своите најблиски,починати од Ковид.

До јуни, имало повеќе од 3.000 камчиња во десетина срца исцртани со жолто обоени школки.

Саман и другите волонтери решиле да го зачуваат споменикот бидејќи се наоѓал на јавна плажа и бил изложен на временските неприлики.

Тие внимателно ги расклопиле аранжманите и ги поставиле во витрини и сега се централен дел на споменикот, отворен во септември, кој им оддава почит на повеќе од 4.000 жртви на вирусот.

Во Лос Анџелес, тинејџерката Медлин Фугејт почнала да прави крпеница во мај 2020 година како дел од проект за седмо одделение.

Инспирирана од Спомен-крпеницата за СИДА, на која работела нејзината мајка во 1980-тите, 13-годишната девојка ги охрабрила семејствата во нејзиниот роден Лос Анџелес да ѝ испратат парчиња ткаенина што ги претставуваат нивните изгубени најблиски и да ги сошијат заедно.

Спомен-крпеницата пораснала толку многу што покрива речиси дваесет панели и вклучува околу 600 сеќавања на поединци или групи, како што се повеќе од 20 жртви на вирусот во Нов Зеланд.

Поголемиот дел од него моментално се наоѓа во Вест Палм Бич, Флорида, а помали делови се наоѓаат во постојаната изложба на Калифорнискиот научен центар во Лос Анџелес и во Меѓународниот музеј на крпеница во Линколн, Небраска.

Фугејт сака еден ден да види официјален национален споменик на жртвите на Ковид-19, можеби дури и национален ден на сеќавање.

Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот

Најуспешните жени менаџерки од земјава и регионот ќе бидат наградени денеска на манифестација што по 28-ми пат ја организара „Марили“.

Годинава, ќе бидат наградени и ќе добијат статуетка „Жена водилка“ 13 менаџерки, од кои 10 се од земјава, а три од Србија и Хрватска.

Манифестацијата ќе биде збогатена со настап на мецосопранот Александра Коцевска и придружникот на пијано, Глигор Гелебешев.

- Целта на манифестацијата, покрај ревијалниот карактер е поттик за идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и со знаење, постојано надградување и чесност да чекорат бодро низ сите животни предизвици и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век , за бидат пример и поттик за генарациите кои доаѓаат по нив, наведуваат од „Марили“.

Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку својот Марили Бизнис Клуб спојува над 150 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат, охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата.

Годишните лауреатки се Катерина Бошевска - генерален директор на ЕОS Македонија и EOS Косово, Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска - генерален менаџер на Камел 98 - Виница, Евгенија Ѓорѓиеска - извршен менаџер на Ламинати КОМ Доо - Прилеп, Цветанка Илиева - генерален менаџер на Бистро Груп ДОО - Гевгелија, Ирена Јакимова - генерален менаџер на Инспирит Коучинг- Скопје, Јелисавета Георгиева Јовевска - потпретседател на СКСМ, Клаудија Лутовска - генерален менаџер на Сеттим Консалтинг - Битола, Марија Патриклиска - менаџер за човечки ресурси ЕАМ ДОО – Штип, Маја Наумовска Савеска - директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД - Скопје, Весна Ставрова генерален менаџер на ПЗУ Аптека „Сара Фарм“ - Скопје, Сања Путица - менаџер за односи со јавност и инвеститор во Атлантска пловидба д.д – Хрватска, Дариа Шуриќ - генерален менаџер на DarMell - Хрватска и Зорана Пејчиќ - генерален менаџер и претседател на ИО на Дунав Реосигурување - Србија.

„Марили“ денеска го организира и третиот регионален бизнис форум посветен на екологијата, здравата храна и циркуларната економија.

Тема на годинашниот „Марили Бизнис форум“ е „Екологија и здрава храна – фактори за одржлив развој“. Модераторите, како и панелистите кои доаѓаат од македонски и регионални компании, во три панел сесии ќе се обидат да дадат одговори на многу прашања и да понудат нови идеи и решенија.

Вовед во сесите ќе биде анализата за „Климатските промени и зеленото кредитирање од перспектива на Народната банка“. Првата панел сесија е насловена „Циркуларна економија – нови бизнис модели и практики, втората е посветена на „Здрава храна – тренд или предуслов за здрав живот и економски развој, а третата е насловена „Автоматизација и дигитализација во областа на човечките ресурси“. /МИА

Концерт од проектот „New Еra“ на Никола Мицевски

Концерт од проектот „New Еra“ на композиторот Никола Мицевски ќе биде изведен вечер во „Јавна соба“. 

-Проектот „New Era” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти. Овојпат покрај Никола Мицевски и пријателите, ќе има и неколку гости како изненадување, се наведува во најавата.

Промотивни концерти на овој проект на Мицевски досега беа реализрани во Центарот за култура - Битола, Велешкиот театар и во Македонската филхармонија. /МИА

Фото: Avalon International Booking

Во Скопје денеска ќе се одржи првиот „Dog Fest"

 Сите љубители на кучиња денеска имаат можност да се дружат на првиот „Dog Fest" што ќе се одржи во Скопје.  

Настанот ќе почне во 12 часот и ќе трае до 16 часот, а организаторите најавуваат забавни игри за милениците и едукација на голем простор специјално опремен со реквизити за кучиња. „Dog Fest” ќе се одржи во „Hera Happy friendly dogs”, спроти црквата Пантелејмон во Долно Нерези.

Целта на настанот е да се подигне свеста за милениците и за одговорното сопствеништво.

- Добредојдени се сите сопственици заедно со нивните кучиња, а влезот е бесплатен, велат организаторите./МИА

притисни ентер