НАСА откри неверојатни податоци за Сонцето (ВИДЕО)

Изобилство податоци што се резултат на блиска средба на сондата на НАСА со Сонцето, им дава на научниците единствен увид во Сончевиот ветер и генерално за времето во вселената.

Ова било откриени додека вселенското летало минувало низ најдалечните делови на атмосферата на нашата sвезда.

Научниците ги објавија првите откритија на соларната сонда „Паркер“, вселенско летало лансирано во 2018 година, кое е поблизу до Сонцето од кој било друг човечки предмет.

Откритијата што нудат нови детали за тоа како Сонцето влијае на времето во вселената, го менуваат знаењето на астрономите за разорниот Сончев ветер што може да ги пореметува сателитите и електрониката на Земјата.

„Секако се надевавме дека како што се приближуваме кон Сонцето, ќе видиме нови феномени и нови процеси - и секако дека тоа се случи“, вели Никола Фокс од Секторот за хелиофизика на американската вселенска агенција.

„Новите информации што ги добивме во голема мерка го потврдија она што го очекувавме, но некои беа целосно неочекувани“.

Земјата е оддалечена од Сонцето околу 149,6 милиони километри. Сондата се приближи до Сонцето на околу 24 милиони километри за да собере податоци користени во студиите објавени во списанието „Nature“.

„Дури и со тие првични податоци, бевме шокирани од тоа колку различна беше круната од близу“, вели Џастин Каспер, истражувач од Универзитетот во Мичиген.

Сондата треба да се приближи до Сонцето на околу шест милиони километри од површината на sвездата, седум пати поблизу од кое било друго вселенско летало.

Сондата ја преживеа екстремната топлина додека леташе низ најоддалечениот дел од сончевата атмосфера, короната, која произведува соларни ветрови, кои се топли, наполнети со честички од енергија што потекнува од Сонцето и го исполнуваат Сончевиот систем.

Осцилациите во брзината на овие наелектризирани честички кои произлегуваат од короната на Сонцето, според претходните претпоставки, наликувале на брановидно расејување како однесувањето на жица на гитара, влечена кон средина. Едно од најголемите изненадувања од сондата, според еден научник, е откривањето на ненадејните скокови во брзината на Сончевиот ветер што се толку погубни што магнетните полиња се превртуваат.

„Тие пренесуваат огромни количини на енергија“.

„Тоа драматично ќе ги промени нашите теории за тоа како се загреваат короната и Сончевиот ветер“, вели Каспер.

Денес е ден на Македонскиот јазик

Денеска Македонија го одбележува 5 мај – денот на Македонскиот јазик.

На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.

Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

Садик Кан третпат избран за градоначалник на Лондон

Садик Кан го освои рекордниот трет едноподруго градоначалнички мандат во Лондон на локалните избори во Англија на кои што неговите лабуристи ѝ нанесоа тежок пораз на конзервативната партија.

Кан, кој првпат беше избран во 2016, ја победи ривалката Сузан Хол со разлика од повеќе од 276.000 гласови.

„Мојата животна чест е да му служам на градот што го сакам. Во моментов сум многу понизен. Ова беа тешки неколку месеци, во кои се соочивме со кампања на постојана негативност. Горд сум што одговоривме на поттикнувањето страв со факти“, изјави 53-годишниот Кан, кој е и првиот муслиман кој беше избран за градоначалник на Лондон.

Тој истовремено го повика премиерот Риши Сунак да распише парламентарни избори.

Ди Марија пред трансфер во Турција

Турскиот гигант Бешикташ испраќа сезона полна со неуспеси и веќе размислува за новата кампања. „Црните орли“ се во потрага по нов тренер, а планираат и летни трансфер потези.

На „Тупраш“ има сериозен интерес за аргентинскиот ветеран Анхел Ди Марија и ќе преземат конкретни чекори за да го привлечат, тврди „ТРТ Спор“. Тоа се очекува да се случи во наредните денови.

Триесет и шест годишниот офанзивен играч за врска најверојатно ќе ја напушти Бенфика на крајот на сезоната бидејќи му истекува договорот. Има опција да се продолжи за уште една сезона, но тоа веројатно нема да се случи.

Ди Марија има втор престој во португалскиот гигант. Тој минатото лето се врати на „Луж“ откако го напушти Јувентус. Играше и за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Доколку дојде до трансфер на Аргентинецот во Бешикташ, тоа најверојатно ќе биде неговиот последен европски тим.

притисни ентер