Нарконон Центар Конопиште одбележа 20 години работа за одвикнувања од зависности

Нарконон Балкан центарот во кавадаречкото село Конопиште, попладнево одбележа 20 години работа, за одвикнувања од зависности од дрога и алкохол.

На настанот беше кажано, дека за две децении, овде програмата за одвикнување ја поминале 226 лица, од земјава и странство. Притоа беше нагласено дека освен примарната цел, надминувањето на зависностите, се посветува особено внимание и на заштитата на животната средина во срцето на Кожуф планина, за што неодамна центарот добил и признание, од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Џовани Читерио, извршен директор за сите Нарконон центри во Јужна Европа и Јапонија, потсети дека пред дваесет години било тешко да се воспостави еден ваков центар поради табуата, предрасуди и стигма. Тој изрази задоволство од огромниот напредок на условите во центарот и постигнатите резултати во изминатиот период.

- Главната локомотива за напредокот се вработените кои долго време работат на оваа проблематика и од срце, на сево ова не гледаат само како работа. Има многу центри под мое раководство, 11, но овој ми е при срце, нагласи тој.

Извршната директорка на Нарконон Балкан Конопиште, Александра Димевска Јокиќ, информираше дека седиштето на оваа програма за одвикнување од дрога и алкохол без лекови, е во САД, а центри како овој во Конопиште, има во над 50 земји во светот. Таа изрази благодарност за многубројните награди и признанија и нагласи дека домашните и странските институции ја ценат нивната пожртвувана работа.

Некогашните зависници од дрога, Моника и Драган, споделија дека и двајцата ја поминале и успешно ја завршиле програмата на Нарконон за одвикнување.

- Пред да ја завршам оваа програма, јас бев тотално изгубена. Се имав себеси изгубено, го имав тотално изгубено разумот. Дојдов со 45 кила и едноставно не знаев кај сум. Дојдов тука и сето тоа се промени. Почнав да вежбам, ги доведов во ред килограмите, имам самодоверба, станав многу посреќна, ги средив контактите и тоа не само со најблиските, туку и со сите што ги среќавам, имам топ комуникација, рече Моника.

Драган искрено раскажа дека по патот на користење на дрога, изгубил доста пријатели, ја изгубил довербата кај неговата фамилија.

- Се изгубив себеси. Почнав да одам по многу лош пат. Не знаев која ми е целта. Кога дојдов тука, запознав многу добри пријатели. Ја подобрив комуникацијата со мојата фамилија и животот почна да ми оди кон подобро, нагласи тој.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер