Најпродаваниот модел во Европа е воедно и најевтиниот

Времето кога Volkswagen Golf убедливо ја носеше титулата најпродаван модел во Европа, одамна го нема, а сега има некои нови играчи.

Еден пример е Tesla, односно моделот Y, кој моментално го држи главниот товар на електрификацијата во Европа. Во текот на првите 10 месеци овој модел е продаден во дури 183.799 примероци, поточно на пазарите на ЕУ, земјите од ЕФТА и Велика Британија. Сепак, тоа не значи дека Model Y е најпродаваниот европски модел. „Само“ е на второто место.

Статусот на најпродаван модел во Европа се уште го држи Dacia Sandero, дознава Automotive News. Еден од најевтините модели на европскиот пазар е исто така меѓу најпопуларните. Во првите десет месеци оствари минимално подобар резултат од Тесла во Европа, но сепак е подобар. Sandero достигна продажба од 184.088 единици.

На трето место е Volkswagen T-Roc со 164.833 примероци, а на четврто е поранешниот европски бестселер Peugeot 208 со продадени 163.672 примероци. Топ 5 го заокружи Renault Clio со 154.493 продадени примероци оваа година.

Ако ги погледнеме резултатите за октомври, ситуацијата е следна. Во октомври најпродаван модел повторно беше Sandero со 21.139 регистрации, а потоа Renault Clio со 14.534 новорегистрирани примероци.

Моделот Y на Tesla падна на 24 место со 9.660 регистрации. Сепак, треба да се каже дека оваа година Tesla ја зголеми продажбата на овој модел во Европа за дури 142 отсто, од минатогодишните 75.854 на споменатите 183.799 единици. Единствен модел со приближно ваков раст беше кинескиот MG ZS со годишен раст на продажбата од 107,7 отсто.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер