Најмногу дожд во Крива Паланка

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Крива Паланка, покажуваат мерењата на УХМР.

Спорд мерењата во Крива Паланка се наврнати 47 литри на метар квадратен воден талог, следи Струмица со 31, Скопје - Зајчев Рид со 25, Штип со 20, Скопје - Петровец 19, Куманово 18, Демир Капија 17, Ѓуриште 15, Берово девет, Тетово, Виница и Маврово седум, Охрид и Пожаране шест, Крушево, Дојран, Гевгелија и Тополчани пет, Прилеп четири, Битола два и во Претор еден литар.

Минималната температура се движела од седум во Претор, девет во Берово, 10 Маврово и Крушево, 11 Ѓуриште и Крива Паланка, 12 Пожаране и Тополчани, 13 Охрид, 14 Виница, Тетово, Битола, Куманово и Прилеп, 15 Штип, Струмица и Скопје до 16 во Демир Капија, Гевгелија и Дојран.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекуваат пообилни врнежи, особено во источните делови.

Соодветно на оваа најава за денеска, во зависност од остварувањето на прогнозата за врнежите, кај помалите водотеци и суводолици од УХМР очекува брз пораст и затоа доколку се јават поројни води, предупредуваатна внимателно движење покрај водотеците и суводолиците. Максимална температура денеска ќе се движи од 17 до 24 степени.

Од утре ќе биде претежно стабилно и потопло, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Садик Кан третпат избран за градоначалник на Лондон

Садик Кан го освои рекордниот трет едноподруго градоначалнички мандат во Лондон на локалните избори во Англија на кои што неговите лабуристи ѝ нанесоа тежок пораз на конзервативната партија.

Кан, кој првпат беше избран во 2016, ја победи ривалката Сузан Хол со разлика од повеќе од 276.000 гласови.

„Мојата животна чест е да му служам на градот што го сакам. Во моментов сум многу понизен. Ова беа тешки неколку месеци, во кои се соочивме со кампања на постојана негативност. Горд сум што одговоривме на поттикнувањето страв со факти“, изјави 53-годишниот Кан, кој е и првиот муслиман кој беше избран за градоначалник на Лондон.

Тој истовремено го повика премиерот Риши Сунак да распише парламентарни избори.

Ди Марија пред трансфер во Турција

Турскиот гигант Бешикташ испраќа сезона полна со неуспеси и веќе размислува за новата кампања. „Црните орли“ се во потрага по нов тренер, а планираат и летни трансфер потези.

На „Тупраш“ има сериозен интерес за аргентинскиот ветеран Анхел Ди Марија и ќе преземат конкретни чекори за да го привлечат, тврди „ТРТ Спор“. Тоа се очекува да се случи во наредните денови.

Триесет и шест годишниот офанзивен играч за врска најверојатно ќе ја напушти Бенфика на крајот на сезоната бидејќи му истекува договорот. Има опција да се продолжи за уште една сезона, но тоа веројатно нема да се случи.

Ди Марија има втор престој во португалскиот гигант. Тој минатото лето се врати на „Луж“ откако го напушти Јувентус. Играше и за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Доколку дојде до трансфер на Аргентинецот во Бешикташ, тоа најверојатно ќе биде неговиот последен европски тим.

Канал 5 во манастриот Богородица Елеуса познат по крстот на бесконечноста

Манастирот свиен во зеленилото и мирот тивко сведочи за религијата и неговата историја, сите преживени премрежја посебености и убавини што ги има само тој. 

Што е бесконечноста во нашата религија?

Воскресението и Христос

Христовото воскресение е суштината на христијанството, без него верата ќе беше празна, раскажува отец Стоил Димитриев во вековниот манастир Пресевета Богородица Елеуса или Милостлива во струмичко Вељуса раскажуваше за воскресението и за неговата верба во него.

Манастирот свиен во зеленилото и мирот тивко сведочи за религијата и неговата историја, сите преживени премрежја посебености и убавини што ги има само тој. Изграден во 11 век во времето на визнатиската империја бил омилен на тогашниот Алексиј Комин го ослободил од плаќање на данок. Неговиот симбол е познатиот вељушки крст или крстот на бесконечноста што е вграден со тули во самиот манастир.

На влезот од манастирот ве пречекуваат оригинални делови од најстариот мермерен иконостас и фрагменти од мозаичните декорации на подот, кои и покрај многуте несреќи и пожари сведочат спокојно дека тие се уште се во манастирот цели 1000 години. Мошне е ретка и фреската на Исус во куполата, бидејќи Исус ретко се прикажува како дете на 12 години. Отец Димитриев раскажува дека во денешното брзо време луѓето матријално имаат се, ама духовната храна ја немаат за неа се гладни. Пред нив но не ја гледаат. Денешницата бара инстант решенија, во црквата нема брзи решенија.

Во манастирот има монахињи, тие во секоја нивна активност ја кажуваат исусовата молитва затоа тука се е убаво и спокојно, раскажува отецот. Тие во нивната продавница имаат чаеви, сапуни. А секој посетител за вековната убавина на вељушкиот манастир монахињите со благослов ќе раскаже за симболите на манастирот и религијата.

притисни ентер