Најкраток и најточен зодијак: Секој хоропски знак опишан во само 3 збора!

Денес ви го претставуваме најкраткиот и најточниот хороскоп  на светот.

Секој од хороскопските знаци може да се опише со само три збора.

Овен

Мисли премногу.

Говори малку.

Дејствува правилно.

Бик

Мисли на многу работи.

Говори уверливо.

Дејствува во зависност од ситуација.

Близнаци

Мисли само на себе.

Говори она што го мисли.

Дејствува по свое мислење, совршено

Рак

Мисли постојано.

Говори допадливо,привлечно.

Дејствува како би им било добро на другите.

Лав

Мисли паметно.

Говори премногу.

Дејствува – само она што мора.

Девица

Мисли едно.

Говори друго.

Прави трето, но успешно.

Вага

Мисли премногу.

Говори искрено.

Дејствува одговорно.

Скорпија

Мисли внимателно .

Говори правилно.

Дејствува онака како што сака.

Стрелец

Мисли дека само тој/таа мисли.

Говори само за себе .

Дејствува – никогаш сам .

Јарец

Мисли на она што ќе му падне на памет.

Говори како што мисли.

Дејствува како што знае и умее.

Водолија

Мисли што треба да направи.

Говори ако е потребно.

Дејствува најдобро од сите.

Риби

Мисли дека никој ништо не знае.

Говори паметно.

Дејствува во зависност од тоа дали некој ќе проверува.

Мицкоски верува дека ќе има мнозинство–Ковачевски обвинува дека така се загрозува ЕУ иднината

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски верува дека неговата партија е блиску до мнозинство во Парламентот и не би се изненадил ако освои 61 пратеник.

Во изјава за медиумите по завршување на литургијата во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ Мицкоски изрази уверување дека во среда тие ќе слават двојна победа и на претседателските и на парламентарните избори, без да даде конкретен одговор што би било неуспех за партијата на двојните избори.

-На сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е блиску до мнозинство во парламентот. Не би се изненадил ако имаме 61 пратеник. За мене неуспехот не е неуспех. За мене е успех пред се она што се случи во првиот круг. Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа, Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на Македонија, а коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник, изјави Мицкоски.

Неговиот политички ривал, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, пак, од синоќешниот митинг во Македонски Брод порача дека доколку ВМРО-ДПМНЕ и Силјаноска ја добијат власта, европската иднина на државата ќе биде загрозена, а земјата изолирана. Ги потсети граѓаните дека изборот на 8 мај е во нивни раце и тие одлучуваат во каква Македонија сакаат да живеат.

-Слушнете ги само изјавите на Мицкоски и неговата кандидатка Силјановска и ќе ви стане јасно дека немаат никаква намера да ја водат државата кон ЕУ. Напротив, ќе нè изолираат, ќе нè затворат, ќе нè скараат и со соседите и со меѓународната заедница. Јас можам цврсто да ви гарантирам дека СДСМ никогаш нема да се откаже од европска Македонија и ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност, порача Ковачевски.

Двојните избори ќе се одржат во среда. Ден претходно, е изборен молк, а изборната кампања завршува в понеделник на полноќ.

Клоп: Ливерпул ќе продолжи да се развива и откако ќе си заминам

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази уверување дека тимот ќе продолжи да се развива и по неговото заминување на крајот од актуелната сезона.

Германецот помина девет многу успешни години на „Енфилд“, а за негов наследник се очекува да биде избран Холанѓанецот Арне Слот кој моментално го води Феенорд.

Веќе на крајот од минатата сезона започна подмладување во Ливерпул. Големи фигури како Роберто Фирмино, Џејмс Милнер, Фабињо и долгогодишниот капитен Џордан Хендерсон го напуштија тимот, заедно со Садио Мане, кој замина една година порано, додека беа донесени Алексис Мекалистер, Доминик Собослај, Рајан Гравенберг и Ватару Ендо.

-Секако дека би сакал да се разделам на поинаков начин со Ливерпул. Пет или шест бода повеќе ќе не држеа во трката за титулата. Но, ако ја споредите ситуацијата сега со кога дојдов пред девет години, ќе видите голема разлика. Во моментов го имаме Ливерпул 2.0, кој нема да престане да се развива со моето заминување, можеби и ќе започне нов проект, изјави Клоп.

Беше категоричен дека доколку останел на „Енфилд“ уште една година, нема да можел доволно добро да ги извршува обврските.

-Сигурен сум дека да не ја донесов оваа одлука сега, следната година ќе беше многу тешка. Мора да бидете полни со енергија за ваква работа. Да се ​​биде на 80 проценти не е доволно. Тоа е вистината. Тоа е работа 24/7. Да, има поважни работи во животот, но ако се грижиш, тогаш работиш 24/7 според стандардите што ги има еден клуб како Ливерпул, изјави поранешниот тренер на Борусија Дортмунд.

Православните верници го слават Велигден

Едногласно да воскрикнеме пред сиот свет Христос Воскресе – Навистина воскресе.

Со овој поздрав православните христијани ширум светот го одбележуваат најголемиот христијански празник Велигден. Христовото воскресение беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква на полноќ, а утрово се одржуваа воскресенски литургии. Централната богослужба се одржа во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје , каде чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Господин Господин Стефан.

Оттаму беше испратена порака до верниците за спотеност, спокојство и меѓусебно почитување.

-Што е можно побргу да се освестиме и да се обединиме како народ и молитвено да притекнеме кон Бога. Со кое право некои сеуште се обединуваат да ни ги одрекуваат историјата и традицијата, јазикот и верата кога сета Македонска почва е напоена со просветителските дејанија на Македонските црковно просветни дејци. Како што не потклекнаа нашите прадедовци така и ние како нивни потомци и како доследни носители на аманетот доверен од нив да не дозволиме отсапки пред оние кои што постојано посегнуваат по нашето најсвето, вели отец Сашо.

На полноќ со прогласувањето на Христовото воскресение, заврши и седум неделниот велигденски пост. По причестот, верниците утрово се помолија за здравје и благодет.

- Посакувам прво здравје, среќа, љубов, благосостојба, мир.

- Здравје, среќа за семејството и мир насекаде да има.

- Многу желби имаме, здравје, многу здравје, пред се здравјето е најбитно., Христос Воскресе, дојдовме за здравје за убавини за мир и нека биде се добро.

Според Христијанското учење Велигден е празник на љубовта и мирот, триумф на животот над смртта, на доброто над злото и ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите, подарувајќи вечен живот на оние што веруваат во него. Велигден според јулијанскиот календар, покрај во Македонија и соседството се слави и во Украина, Молдавија, Русија, Либан, Египет и Етиопија како и меѓу останатите православни верници во Африка и блискиот исток.

притисни ентер