Најбрзо и најкомфорно купување во Нептун на рати преку IuteCredit само со лична карта!

Следејќи ја својата мисија да овозможи најдобро шопинг искуство на своите клиенти, Нептун во својата палета на услуги го вклучува и новиот растечки тренд на брзо кредитирање преку IuteCredit Македонија.

На потрошувачите во Нептун им се нуди можност да купуваат со наменски кредит до 80 000 денари и рок на отплата до 18 месеци.

Заинтересираните можат да аплицираат за наменскиот кредит преку IuteCredit само со приложување на документ за лична идентификација во сите продажни салони на Нептун низ цела Македонија.

За процесирање на апликацијата и нејзино одобрување се потребни само неколку минути, a купувањето се одвива на следниот начин:

Се одбира посакуваниот производ кој треба да биде во максимален износ до 80 000 денари

Се информира продажното лице во Нептун за намерата за купување со наменскиот кредит од IuteCredit на рати

Се приложува лична карта и продажнто лице ја процесира апликацијата на самото место, односно на каса

На крајот се добива телефонски повик од IuteCredit за потврда успешно активирање на кредитот и се заминува со производот за само неколку минути

Главните вредности на IuteCredit се најбрзо и најкомфорно кредитирање за секого, а сето тоа во соработка со Нептун ја прави оваа можност за време на празниците неодолива за секој купувач.

Повеќе детали за начинот на купување во Нептун со лична карта преку IuteCredit, како и примери со калкулации и износ на месечни рати погледнете тука:

Најскромниот претседател на светот има рак на хранопроводот: Ќе се борам додека можам

Поранешниот претседател на Уругвај, Хозе „Пепе“ Мухика денеска соопшти дека по медицинскиот преглед минатата недела му бил дијагностициран рак на хранопроводот.

Мухика (88) изјави дека автоимуното заболување од кое боледува веќе 20 години создава потешкотии кога се работи за хемотерапија и дека операцијата би била ризична, но дека лекарите размислуваат за опции.

На новинарско прашање за прогнозата, Мухика рече дека не е лекар и дека не знае што да очекува, пренесува Обсервадор.

Тој нагласи дека ќе продолжи „да се бори додека може“, а ги повика младите Уругвајци својот гнев да го претворат во надеж, да се борат за љубов и да бараат помош доколку се зависници од наркотици.

„Благодарен сум и на крајот на денот никој не може да ми ги одземе убавите моменти кои ги имав“, изјави Пепе.

Во април 2021 година, тој имаше операција на хранопроводникот поради повреда од „туѓо тело“, а личниот лекар на Мухико тогаш објави дека станувало збор за рибна коска.

Лекарите по операцијата потврдија дека поранешниот претседател има чир на хранопроводникот, и дека нема повреда.

Мухика ги освои симпатиите ширум светот бидејќи за време на неговиот претседателски мандат покажа дека е скромен човек кој вози стара „буба“, поради што го доби прекарот „најскромниот претседател на светот“.

Хонда „се сели“ на друг континент- вложуваат милијарди во фабрика во Канада

Јапонскиот производител на автомобили Honda Motor денеска објави дека сака да изгради фабрика за електрични возила (EV) во Канада и е подготвен да инвестира 11 милијарди американски долари во овој проект.

Honda започнала преговори со канадските власти за добивање субвенции за проектот во Онтарио, пренесува агенцијата Kyodo.

Вистинската инвестиција на Honda во создавањето на синџир за снабдување со електрични возила во Канада се очекува да биде од 60 до 70 отсто од вкупната сума, бидејќи и добавувачите на материјали ќе ги поделат трошоците.

Хонда планира да започне со производство во новата фабрика за електрични возила, која ќе биде втора од ваков вид во Северна Америка, во 2028 година.

Јапонската компанија моментално ја реконструира својата постоечка фабрика во Охајо во Соединетите Американски Држави со цел таму да произведува исклучиво електрични автомобили од 2025 година.

Бебе загина во страшното торнадо, што ја опустоши Оклахома (ВИДЕО)

Според последните информации, најмалку пет лица, меѓу кои и едно дете (4), загинале во серијата разорни торнада што минатиот викенд ги погодија централните делови на САД.

Како што јави Би-Би-Си, четири лица загинале во Оклахома, додека едно го загубило животот во Ајова.

Силното невреме што започнало во петокот предизвикало значителна материјална штета, а десетици илјади луѓе останаа без струја. Вонредна состојба е прогласена во повеќе од 12 окрузи во Оклахома. Во сојузните држави Небраска и Ајова биле регистрирани дури 70 торнада.

Националната метеоролошка служба потврди дека прелиминарните податоци покажале дека некои од торнадата имале брзина на ветер до 136 милји на час (околу 218 километри на час). Невремето се проширило од Тексас до Мисури и за само неколку часа наврнале околу 18 сантиметри дожд на метар квадратен, пренесе АФП.

На социјалните мрежи се објавени бројни видеа од штетите на кои се гледаат уништени куќи и превртени автомобили. Службите за итни случаи во Оклахома регистрирале најмалку сто повредени лица на кои им била потребна медицинска помош.

„Ќе се вратиме, ќе ги исчистиме урнатините, ќе изградиме куќи и ќе продолжиме напред“, рече претседателот на Домот на Оклахома, Чарлс Мекол.

Гувернерот на Оклахома Кевин Сит изјави дека во неколку градови е предизвикана најголемата штета што ја видел во последните шест години откако е на чело на државата.

"Видов како доаѓа големо торнадо. Имав доволно време само да ги засолнам децата и сопругата. Сè беше уништено. Населбата не постои. Им помагавме на затрупаните да излезат од урнатините - рече Брент Ричардсон, еден од жителите на Омаха.

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со гувернерот на Оклахома и понуди федерална помош за најранливите области.

притисни ентер