Надуеност на стомакот или сало – Како да ја препознаетеразликата и да го решите проблемот

Според нутриционистите, клучни се здравата исхрана и физичката активност.

Многу луѓе имаат проблем со надуеноста особено после јадење. Овој проблем подеднакво ги погодува и мажите и жените. Зголемувањето на стомакот честопати се случува како резултат на таложење на маснотии во горниот предел на стомакот, особено кај жените кои се во позрели години или влегле во менопауза. Понекогаш е многу тешко да се разликува дали стомакот ви е подуен или имате прекумерна тежина.

Како да се ослободите од надуеноста

Како што објаснуваат лекарите, доколку стомакот ви е шири и собира, веројатно станува збор за надуеност, која повремено се јавува поради насобирање на гасови во дигестивниот тракт. Ако има прекумерна акумулација на гасови, цревата се растегнуваат, а тоа предизвикува грчеви. Салото на стомакот, од друга страна, е резултат на исхраната, генетиката и начиот на живот. Ако е се работи за сало, тогаш стомакот е поцврст.

Како што пишува порталот „Јади ова, не тоа“ (Eat This, Not That), за да се ослободите од надуеноста, избегнувајте храна што ја предизвикува истата, како брокула, грав, зелка, мешунки... Доколку сакате да се ослободите од надуеноста на природен начин, тогаш е најдобро во вашата дневна рутина да вклучите чај од ѓумбир или нане.

Истражувањата покажаа дека ѓумбирот природно го смирува дигестивниот систем и ги ублажува гасовите. Освен тоа, ѓумбирот е докажано средство за зајакнување на имунитетот, па истовремено ќе го зајакнете и вашето тело.

Друг, многу ефикасен начин е редовната физичка активност, особено онаа што предизвикува потење. На овој начин телото се ослободува од вишокот течности, но ја поттикнува и работата на цревата, поради што после секој тренинг ќе се чувствувате полесно и подобро.

Како да се ослободите од салото на стомакот

Според нутриционистката Дестина Муди, да се ослободите од салото од стомакот не е лесно. Дури и слабите луѓе честопати имаат вишок маснотии во оваа област.

- Отстранувањето на салото од стомакот бара сеопфатен пристап. Приоритет е висококвалитетната исхрана со ниска содржина на заситени масти, избегнувајте преработена храна, рафинирани јаглехидрати и додавање шеќер. Ваквиот начин на исхрана го спречува таложењето маснотии на стомакот – објаснила таа.

Според неа, контролирањето на внесот на калории е еден од клучните фактори во борбата против маснотиите, бидејќи го спречува прекумерното дебелеење.

- За оптимално согорување на маснотиите, важно е да имате урамнотежена фитнес рутина, односно да ги искомбинирате вежбите со отпор и кардиотренингот. Тоа ќе ви помогне да изградите затегнато мускулно јадро - додава Муди.

Конкретни совети

Муди понуди и конкретни совети како да се ослободите од надуеноста и вишокот сало на стомакот.

- здравјето на цревата секогаш треба да ви биде приоритет

- јадете храна богата со пробиотици како се киселата зелка и јогуртот кои ја нормализираат функцијата на цревата

- пијте доволно вода

Водата може да го намали задржувањето на течности во телото бидејќи помага да се исчисти организмот, а вишокот течност се излачува преку урината. Пијте повеќе вода при консумирање на солена и зачинета храна бидејќи со исфрлањето на вишокот течности се намалува надуеноста.

- хранете се здраво

-јадете полека и добро џвакајте ја храната, така таа полесно ќе се свари и ќе голтате помалку воздух отколку кога јадете лакомо и не џвакате доволно.

- стресот е уште една причина што придонесува за појавата на сало и надуеност на стомакот, затоа најдете начин да се ослободите од стресот, на пример, занимавајте се со некое хоби, медитирајте, вежбајте јога. Вежбањето исто така помага во ослободување од надуеноста и вишокот килограми.

Извор: srecna.republika.rs

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

Видео: Страшна глетка, невреме кај Градско

Страшно невреме вечерва во делови од Македонија, до нашата редакција пристигна видео од страшната глетка на автопатот кон Скопје веднаш после Градско.

На снимката може да се забележат поројни врнежи од дожд и повремени грмотевици.

Во голема полициска акција во Албанија запленет имот вреден над 4,5 милиони евра

Во голема полициска акција, во содејство со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), спроведена во повеќе градови во Албанија, запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.

- Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи.

Се додава дека во рамки на оваа мега-операција, биле погодени седум структурирани криминални групи со значителна моќ и географски опфат на нивните криминални активности во некои од поголемите градови во земјата, како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење.

Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага./МИА

притисни ентер