Надал: Се откажувам од борбата за првото место

Еден од најдобрите тенисери во светот Рафаел Надал најави дека повеќе нема да се бори за првото место на АТП листата, откако викендов Рожер Федерер со успехот во Ротердам со полни 36 години како највозрасен тенисер во историјата, се искачи на лидерската позиција.

Надал истакна дека Федерер е врвен играч без разлика дали е прв или не.

- Тој немаше потреба да се врати на првото место за да докаже кој е во тенисот. Она што тој го постигна е навистина многу тешко и јас само можам да му честитам. Рангирањето не лаже, тој беше подобар од мене во последните 12 месеци, посочи Надал.

Шпанскиот тенисер наведе дека ќе се труди да ја одигра сезоната најдобро што може, без при тоа да се оптоварува со позицијата на АТП листата.

- Ме прави среќен тоа што се чувствувам мотивиран и имам желба да освојувам турнири. Нема да се борам за првото место. Да се биде прв, трет или петти веќе нема разлика, наведува Надал.

Тој во моментов се подготвува за турнирот во Акапулко, Мексико, на кој ја брани титулата откако лани во финалето го порази Американецот Сем Квери./МИА

СИНТЕЗА – Центар за раст и развој на личноста - со НЛБ Рамка за помош

Интервју со Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста “СИНТЕЗА”

НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“. Станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативните проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и овој пат решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.

Веќе четврта година НЛБ Банка успева да одржи континуитет во рамки на еден цел регион. Нивната порака е дека единствено заедно можеме да се справиме со клучните предизвици со кои се соочуваме во општеството, односно дека секој треба да соработува и активно да придонесе за решенија.

Во рамките на „Рамка за помош“, оваа година се даде одлична можност на оние кои работат за доброто на луѓето, односно беа избрани 10 финалисти од нашата земја, но и на секој поединечен пазар каде што работи НЛБ Групацијата, а секој од нив ќе биде награден со финансиска и комуникациска поддршка.

Потоа, регионалната комисија ќе избере 3 победници на проектот, од 60- те финалисти од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Добитниците ќе бидат објавени на 9-ти мај 2024-та година во Љубљана, а ќе добијат значајна финансиска поддршка која ќе им овозможи полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро.

Во продолжение, Ви ја претставуваме Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста “СИНТЕЗА”

Целта на проектот е подигнување на свесноста за менталното здравје, поттикнување на здравствени обрасци на однесување и протективни фактори за ментално здравје. Превенецијата е насочена кон препознавање на ризично однесување кај поединци од целната група, како и нудење алатки за јакнење на менталното здравје. Промоцијата на менталното здравје ќе се спроведува на целната група адолеценти, кои имаат зголемен ризик за развој на разни патолошки состојби. Предвидено е креирање на програми за обука и волонтирање на млади луѓе во локалните институции, организации и заедници, што може да им помогне во нивната кариера и да придонесе кон економска независнот и стабилност на поединците и заедницата. Исто така ќе се работи на развивање на соработка со локални училишта, институции, организации и заедници за да се обезбеди широка база на поддршка и ресурси.

Третата фаза ќе опфати организирање на заеднички настани и активности кои ги вклучуваат младите луѓе и нивните родители за да се изгради поддржувачка заедничка мрежа и да се негуваат меѓусебните односи.

Зошто е меѓу избраните?

Зголемена свесноста за менталното здравје и неговото значење за поединецот и заедницата.

- Зголемена увид на психолошка состојба кај адолесциентите.

- Детектирање на потреба за психолошка помош и интервенции од страна на адолесцентите.

- Зголемена самоподдршка кај адолесценти.

- Интегрирање на континуиранта грижата за металното здравје како вредност (трајна промена).

Зеленски: Светот го преспа повторното раѓање на нацизмот во 5 часот на 22 февруари 2022 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обрати на нацијата преку видео порака по повод одбележувањето на Денот на сеќавањето и примирјето, победата во Втората светска војна.

„Светот го преспа повторното раѓање на нацизмот во 5 часот наутро на 24 февруари 2022 година. Дури и денес, секој што се сеќава на Втората светска војна и преживеал до ден-денес, се чувствува дежа ву. Битката за Киев, бомбардирањето на Харков, Одеса и Дњепар, масовни гробници, депортации на деца, логори и колонии на затвореници“, напиша Зеленски на својот профил на социјалната мрежа Х.

„Русија ги врати страниците од учебникот од Втората светска војна во центарот на вниманието на глобалните медиуми, покажувајќи дека нацизмот повторно се појавува со секое ново злосторство. Овој пат, едноставно има нова етикета: 'Произведено во Русија'“, рече тој.

„И, како и во 1945 година, само обединет слободен свет – обединет во коалицијата против Путин – може да ги запре московските нацисти со акција, а не со зборови. Таквиот свет може да спречи ново зло да се шири низ европскиот континент, а на крајот и целиот свет. Таквиот свет е во состојба да ја покаже својата посветеност на зборовите 'Никогаш повеќе'!“, заклучи украинскиот претседател.

ДИК до 11 часот на претседателските избори гласала 217 254 граѓани

На вториот круг од претседателските избори до 11 часот излезноста е 12,49 проценти, или гласале 217 254 граѓани, стои на страницата на ДИК.

По минати 4 часа од гласањето на парламентарните избори гласале 241907 гласачи,што во проценти е 13, 7 проценти од вкупниот број на гласачи, според интернет страницата на Државната изборна комисија.

Македонија денеска гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори.

притисни ентер