„Веројатно нема никогаш да ги најдеме нивните тела“, изјави екологистот Дејлан Пуг.
Таа вели дека третина од живеалиштата на коалите во северниот дел на Нов Јужен Велс се уништени во пожарите.
Коалите претходно останаа без живеалишта заради уништувањето на шумите и урбаниот развој, но ова е погубно поради пожарите од кои уште 140 се активни.
Експертите веруваат дека кризата со шумските пожари го зголемува ризикот од исчезнување на коалите.
„Имавме многу пожари претходните години, но ништо слично. Ова е армагедон“, изјави Чејни Фланаган, директор на болницата „Порт Меквари Коала“.
„Ефектот на пожарот е катастрофален , а целото лето е сè уште пред нас.“, додаде таа.
Во пожарите изгореа повеќе од 2,7 милиони хектари под шума, од кои 1,15 милиони беа во областа на националните паркови, изјави Атикус Флеминг, заменик министер за национални паркови и природа.
Екологот Марк Греам рече дека коалите едноставно не се доволно брзи за да избегаат од пожарите , што често се шират со голема брзина.
„Пожарите се толку брзи што смртноста на животните во дрвјата е многу голема“, изјави Греам.
Експертите за заштита на природата повикаа на итна акција.
Владата на Квинсленд објави во неделата дека ќе издвои 570.000 хектари државно земјиште „како приоритетна зона за коали“ со цел закрепнување на нивната популација.