Набавена нова механизација за чистење улици во Карпош

Две нови цистерни за миење улици, камионче за подигнување отпад – кипер, рачен вшмукувач за лисја и ситен отпад, како и опрема за расчистување на снег беа презентирани денеска во Општина Карпош.

Како што соопшти Општината, оваа механизација е набавена со грант за успешност од Светска банка преку Министерство за финансии, а во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги.

Градоначалникот на Општината, Стефан Богоев истакна дека локалната самоуправа значително ја зголеми механизацијата за одржување на јавната хигиена, имајќи предвид дека загадувањето е еден од најистакнатите проблеми.

– Сликата на редовно миење на сервисните улици повторно станува реалност. Прашината долж улиците е дел од севкупното загадување и на овој начин навистина ќе го подигнеме нивото на јавната хигиена. Овие години постојано инвестираме во механизација за комуналните служби, а не во луксузни возила за потребите на администрацијата, рече Богоев.

Цистерните, како што информираат од Општината, ќе чистат во сите урбани заедници, долж сервисните улици, а рачниот вшмукувач на многу брз и едноставен начин ги подига лисјата и ситниот отпад.

Новото камионче (кипер) ќе помогне во расчистувањето на дивите депонии и при транспорт на отпадот.

– Претходно, Општината набави и машини за перење под висок притисок (т.н. вапови), со кои се чистат јавните површини, платоата и плоштадите во Карпош, се наведува во соопштението. /МИА

Април возбудлив за играчите на ВЛТ

Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите 46.238.549 денари

46.238.549 денари е збирниот износ кој Видеолотарија Касинос Австрија го исплати кон играчите на видеолотариските терминали за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ во април, оваа година.

Фантастични 46.238.549 денари легнаа на сметките на играчите на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ.

Април е месец на ВЛТ добивки. Овој месец Ј.М. од Битола на 15.04.2024 ја освои најпосакуваната добивка, СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија, во вредност од 20.951.041 денари.

Во април имавме и 12 МИЛИОНЕР џекпот добивки. Играчите кои ги освоија, заедно поделија неверојатни 19.029.075 денари. Дополнително, во април играчите на ВЛТ освоија и 6.258.433 денари за МИНИ ЏЕКПОТ.

Само за потсетување, најпосакуваната ВЛТ џекпот добивка на сите времиња- СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е во зоната на паѓање. Секој кој се забавува на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија, има можност да ја освои оваа фантастична добивка. Највисокиот износ кој може да се освои со оваа добивка е 21 милион денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #СуперМилионерЏекпот #МилионерЏекпот

Одбележување на Денот на македонската полиција

 Централно одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај, со свеченост во паркот кај авиончето во општина Аеродром.

Најавени се обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како и присуство на претставници на дипломатскиот кор.

Во рамки на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.

Поради одбележувањето на Денот на македонската полиција воведен е пособен сообраќаен режим во овој дел од градот. До 18 часот затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје .

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер