Откако на интернет се појави фотографија со новото лого на зградата, луѓето почнаа да му се потсмеваат на потегот на Маск.
„Изгледа страшно“, коментира еден корисник на Твитер.
„За ова го отфрлија едно од најпрепознатливите логоа на интернет, навистина не ми се верува“, напиша друг.
„Навистина е импресивно колку е просечно сè што прави овој човек“, коментира трет, додека четвртиот забележал: „Тие дури и не го симнаа знакот на Твитер“.
„Дали ова е направено од отпад?“ праша петтиот, а шестиот заклучи: „Изгледа како тотална глупост“.
Се огласи и Маск, кој твиташе фотографии и видеа од новиот знак и ги информираше твитерџиите дека „сопственикот на зградата постојано повикува полиција поради промената на знакот“.