На улиците само 25 автобуси, нервозни граѓани, ученици кои доцнат на училиште

Оние кои имаа среќа, утринава ги начекаа 25те градски автобуси на ЈСП кои сообраќаа за да стигнат каде што тргнале, останатите беа приморани да се самоорганизираат за да најдат превоз.

Оние кои имаа среќа, утринава ги начекаа 25те градски автобуси на ЈСП кои сообраќаа за да стигнат каде што тргнале, останатите беа приморани да се самоорганизираат за да најдат превоз, кој се нудеше и се бараше дури и преку социјалните мрежи, други пак нервозни, и покрај купен месечен билет за градскиот превоз, велат морале да плаќаат такси или да одат пеш. На постојките, кои во среде работна недела беа невообичаено празни, затекнавме и граѓани кои чекале со часови, оти друг избор немале...

Голготата, како што велат и самите, утринава ја поминаа и учениците и студентите, едните доцнеа на часовите, некои пак воопшто и не се појавиле, другите пак беа во трка со времето да стигнат на предавањата и испитите, оти колапсот со јавниот превоз поради недостаток на гориво се случи во колоквиумска недела.

Отсуството на учениците утринава го потврдија и неколку директори на средни училишта за Канал 5. Велат покажале разбирање за новонастанатата сосотјба која во текот на денот се стабилизирала, па неоправдани не се пишувале, но побараа од надлежните да се надмине ситуацијата, оти трпи наставата на децата.

На ставот да се покаже разбирање за учениците е и министерката за образование – Весна Јаневска која посочи дека оневозможувањето на учениците да стигнат на настава поради неорганизираност на градските власти е срамно за главниот град на Македонија, со што, вели, се крши и Уставот.

Целата ситуација во меѓувреме е и под лупа на ОЈО Скопје. Тие веќе издале насоки до инспекторите на финансова полиција да ги истражат постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.

Претходниот тендер за набавка на мазут е поништен од страна на бирото за јавни набавки, бидејќи на истиот, според информациите се пријавил само Пуцко петрол, кој понудил да точи еден литар мазут за 100 денари без вклучен ДДВ.

Боинг масовно отпушта работници во одбранбениот сектор, имаат милијарди долари загуба

Иако во изминатиот период многу се зборуваше за отпуштање на 17.000 работници од системот Боинг, според објавеното во медиумите - можеше да се очекува дека отпуштањата ќе бидат споделени во секторот наменет за производство на комерцијални авиони.

Иако во изминатиот период многу се зборуваше за отпуштање на 17.000 работници од системот Боинг, според објавеното во медиумите - можеше да се очекува дека отпуштањата ќе бидат споделени во секторот наменет за производство на комерцијални авиони. Сепак - не е така.

„Боинг“извести 692 работници од одбранбената, вселенската и безбедносната програма дека ќе останат без работа во рок од 60 дена. Неодамна, главниот конкурент на Боинг, Ербас Дефенс и Спејс, мораше да направи сличен потег.

До денес, повеќе од 3.100 вработени во фабриките на Боинг во Вашингтон, Орегон, Јужна Каролина и Мисури добија известување за отказ. За разлика од неодамнешните најави, не се работи само за работниците во производството, туку и за инженерите.

Новиот извршен директор на Боинг, Роберт Кели Ортберг, се обидува да ја сврти ситуацијата со фокусирање на компанијата на нејзината основна дејност, пишува порталот Simple Flying. Неговите колеги најавија дека ќе продолжат со распределба на отпуштања (до 17.000) во декември и јануари.

Одбранбениот сектор останува критичен за бизнисот на компанијата со проекти како што се хеликоптерите F-15EX, F/A-18 Super Hornet, KC-46 Pegasus, MQ-25 Stingray, Apache и Chinook.

Од друга страна, вселенскиот „сектор“ останува исклучително предизвикувачки, особено ако се земе предвид фактот дека „новите играчи“ како SpaceX го трансформираат пазарот и го отежнуваат уште повеќе традиционалните компании како Боинг.

Проектот за капсули Starliner го надмина буџетот за 1,8 милијарди долари, што е значителен удар за Боинг. Покрај тоа, капсулата не успеа да ја изврши планираната мисија со астронаутите, кои во моментов се на Меѓународната вселенска станица и чекаат спас од капсулата Dragon на SpaceX следната година.

Системот за вселенско лансирање, ракетен систем од клучно значење за програмата за враќање на Месечината наречена Артемида, исто така е повеќе милијарди долари над буџетот и задоцни неколку години. Точно, мисијата Артемида I полета во 2022 година, додека Артемида II се очекува да полета во 2025 година - првото вселенско летало што ќе стигне до Месечината од денот кога заврши програмата Аполо.

Боинг се соочува и со проблеми во проекти како што се Инситу (компанија за беспилотни летала на Боинг) и Обединета алијанса за лансирање со Локхид Мартин, а има (најмалку) две милијарди долари загуби што ќе ги претрпи Боинг за време на имплементацијата на проектот Ер Форс Уан.

Се појави наводен план на Русија за поделба на Украина на три дела

Руското Министерство за одбрана подготвило документ со прогноза за развојот на воената и политичката состојба во светот до 2045 година.

Руското Министерство за одбрана подготвило документ со прогноза за развојот на воената и политичката состојба во светот до 2045 година, кој постои можност преку владите и претставниците на странските земји да се обидат да го пренесат во новата американска администрација, дознава агенцијата Интерфакс-Украина од извор во украинската разузнавачка заедница.

Според извори на агенцијата, Русија со овој документ ќе се обиде да ја промовира идејата за укинување на политичкиот субјективитет на Украина и поделба на нејзината територија на три дела. Руската Федерација планира да инсистира на вклучување на еден од тие делови во веќе целосно или делумно окупираните региони на Украина.

Вториот дел, кој документот го нарекува „проруски државен ентитет“ и го вклучува Киев, предвидува формирање на државен ентитет со проруски власти и руско воено присуство. Третиот дел во документот се нарекува „спорни области“ и ги опфаќа западните региони на Украина. Кремљ верува дека нивната иднина би можела да се решава меѓу Русија и другите соседни земји - Унгарија, Полска и Романија.

Исто така, според документот кој завршил кај украинската разузнавачка заедница, Кремљ предвидува развој на меѓународните процеси преку четири главни сценарија.

Во сценаријата „Формирање мултиполарен свет и поделба на сферите на влијание на водечките актери“ и „Регионализација/хаотизација“ Русија предвидува победа над Украина и развој на ситуација во светот која е прифатлива за Москва. Од друга страна, сценаријата „Доминација на САД и Западот“ и „Стекнување статус на водечка светска сила од Кина“ Русите ги оценија како неповолни, што може да се случи во случај на губење или замрзнување на војната со Украина.

Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер Сити на уште две години

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го продолжи договорот со клубот на уште две години.

Договорот на шпанскиот тренер би истекол на крајот од оваа сезона, но по потпишувањето на нов, Гвардиола ќе остане во Манчестер 11 сезони.

Тој го презеде Сити во 2016 година и освои 18 трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

"Манчестер Сити ми значи многу. Ова е мојата деветта сезона. Доживеавме толку многу неверојатни моменти заедно. Имам навистина посебно чувство и затоа сум многу среќен што останувам уште две сезони", изјави Гвардиола за веб-страницата на клубот.

Тој го предводеше тимот до четири последователни титули во Премиер лигата, што е рекорд во лигата, како и до тројната круна во 2023 година, односно три трофеи во една сезона - титулата во Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот.

„Го кажав ова многу пати досега, но имам сѐ што еден тренер би можел да посака и го ценам тоа многу. Се надевам дека можеме да додадеме уште трофеи на оние што веќе ги освоивме. Тоа ќе биде мојот фокус“, додаде Гвардиола.

Најдолго остана во Сити како тренер, откако работеше четири години во Барселона и три во Баерн Минхен.

притисни ентер