На пропалестински протести уапсени кандидатка за претседател на САД

Кандидатката за претседател на САД од редовите на Зелената партија Џил Стајн уапсена е на пропалестински демонстрации на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис. 

Портпаролот на нејзината кампања рече дека не се запознаени со обвиненијата.

Стајн беше на демонстрациите за да ги поддржи студентите кои поставија камп и кои порачаа дека нема да се разотидат се додека Универзитетот Вашингтон не се одвои од Боинг. Меѓу нивните барања се и бојкотирање на израелските академски институции.

Во видеото снимено пред нејзиното апсење и објавено на мрежата Икс, кандидатката на Партијата на Зелените рече дека ги поддржува студентите и нивните уставни права на слобода на говор.

„Ќе стоиме овде во линија со студентите кои се залагаат за демократија, за човекови права и се залагаат за ставање крај на геноцидот“, рече Стајн.

Дејвид Швајб, директорот за комуникации на Џил Стајн во претседателската трка, рече дека таа се обидела да ја деескалира ситуацијата меѓу демонстрантите и полицијата во саботата попладне по локално време, но дека полицијата „не реагирала“ и веднаш потоа почнала да апси.

„Како што рече д-р Стајн, срамно е универзитетските администрации да одобруваат употреба на сила против сопствените студенти кои едноставно повикуваат на мир, човекови права и крај на геноцидот од кој американскиот народ се згрозува“, рече Шваб.

Уапсени се и шефот на кампањата на Стајн и неговиот заменик.

Повеќе од 80 лица се уапсени на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис во контекст на тековните пропалестински демонстрации, се вели во соопштението на Универзитетот.

Групата демонстранти, во која имаше студенти, вработени и поединци кои не се поврзани со универзитетот, маршираа на повеќе локации во кампусот каде што „подигнаа шатори и покажаа дека немаат намера да заминат“, соопшти универзитетот.

Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад над неговата ќерка

Татко на малолетна ќерка од скопско, во текот на вчерашниот ден, во СВР Скопје пријавил дека преку социјална мрежа едно лице му испратило видео материјал во кој се гледало како неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички.

– На 11.05.2024 во 10.30 часот во СВР Скопје 45-годишен маж од скопско, пријавил дека околу 01.55 преку социјална мрежа едно лице му испратило видео материјал во кој се гледало како неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, информира денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.

Според пријавеното, во октомври минатата година на подрачјето на Центар, во близина на средно училиште каде учела, двете малолетнички кои учеле во тоа училиште, физички ја нападнале, додека други две малолетнички кои исто така учеле во училиштето, настанот го снимиле со мобилен телефон.

Од МВР велат се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инцидент во Скопје поради улична трка (видео)

Денеска на подрачјето на град Скопје се одржуваше трка и поради тоа беа затворени неколку улици.

Поради трката и затворените улици, граѓаните не можеа да си ги извршуваат дневните обврски, па поради тоа имаше и нервоза кај некои од возачите.

Грчко МНР: Европскиот пат на Македонија и односите со Грција зависат од Договорот од Преспа

Билатералните односи со соседната земја и нејзиниот европски пат зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција .

Билатералните односи со соседната земја и нејзиниот европски пат зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова и употребата на името „Северна Македонија“ и посочија дека оваа постапка претставува прекршување и на договорот и на Уставот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во реакцијата од грчкото МНР пишува дека „за време на денешната заклетва во Собранието и покрај фактот што во официјалниот текст на заклетвата што ѝ беше диктиран, земјата беше под името „Северна Македонија“, новата претседателка на Македонија, г-ѓа Силјановска-Давкова, одбра земјата да ја нарече „Македонија“.

- Оваа постапка јасно го прекршува Договорот од Преспа, но и Уставот на соседната земја, кој е усогласен со нејзините меѓународни обврски, соопштија од грчкото МНР.

Посочија дека грчката Влада, и покрај приговорите што ги искажа како опозиција, го почитува Договорот како ратификуван меѓународен договор, кој надвладува која било друга законска одредба.

-Грција, во овој контекст, категорично изјавува дека дополнителниот напредок во нејзините билатерални односи со Македонија, како и европскиот тек на земјата зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и главно од употребата на уставното име на земјата, соопштија од грчкото МНР, пренесе МИА.

притисни ентер