На продажба легендарното Порше на Пол Вокер

Редок примерок на автомобил Порше кое го возеше трагично загинатата холивудска ѕвезда Пол Вокер од филмскиот серијал „Брзи и бесни“излегува на аукција.

На крајот на август автомобилот ќе биде ставен на аукција од страна на аукциската куќа „Mecum Auctions“.

Според аукциската куќа Поршето на Пол Вокер на аукцијата најверојатно ќе достигне цена од повеќе од 1 милион долари.

Инаку, станува збор за „Porsche Carrera RS 2.7“ од 1973 година, произведен во само 1.580 примероци.

Тоа е едно од најпосакуваните колекционерски порше, кое во комбинација со сопственоста на познатите личности гарантира рекордна цена. Се очекува дека некогаш најбрзиот германски автомобил ќе предизвика огромен интерес.

За Поршето трагично загинатиот Вокер зборуваше за време на гостувањето кај Џеј Лено во 2011 година.

Пол Вокер инаку, Поршето го купил на невидено преку интернет.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

(СТАВ) Прашање до сите правници и професори во Македонија и Грција...

Знаете ли што значи правната фраза - ERGA OMNES? Доаѓа од латинскиот израз кој означува - ЗА СИТЕ. Ако договорот од Преспа во чл.1, точка 3 вели дека е ERGA OMNES, однос важи за сите, како тогаш...  

...не важи за сите граѓани во Македонија и во светот ( според правното значење на erga omnes )?

Ако го погледнете договорот од Преспа кој е депониран во Обединетите Нации, ќе видите дека ERGA OMNES-от сепак не е „ERGA OMNES“, односно во чл. 1, точка 3, подточка f вели дека користењето на името Северна Македонија НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за оние правни и физички кои не се основани со некој државен закон и не добиваат финансиска поддршка од државата за своите активности!

Дали договорот меѓу Грција и Македонија има сериозни правни недоследности, или едноставно кажано е - дефектен?

Ужас во Букурешт: Тинејџери до смрт претепуваат човек (Вознемирувачко видео)

Камера во возило кое вчера се движело низ центарот на Букурешт го снимило моментот кога момче (16) и четири години постар негов другар, со стапови до смрт претепале маж (46).

Сѐ се случило во понеделникот околу 17 часот и 30 минути среде улица, пред многумина минувачи.

На грозоморното убиство му претходела расправија меѓу маж и двајца тинејџери во парк. Според романските медиуми, жртвата дошла во паркот за да ја заштити својата поќерка која наводно била нападната од девојките на осомничените за убиството.

Предупредување: вознемирувачка снимка

Наводно, девојките закажале пресметка во паркот, а секоја од нив повикала некој свој на помош. Убиениот е очув на една од девојките во конфликтот. Кога пристигнал во паркот, започнала вербална расправија со тинејџерите, а потоа тие грабнале стапови и почнале да го тепаат до смрт.

Несреќниот маж успеал да побегне од паркот до улицата, но осомничените го стигнале и продолжиле да го тепаат. Според очевидци, тие го удирале по глава додека не престанал да се движи, а потоа побегнале.

Иако медицинските екипи пристигнале брзо, човекот не можел да се спаси. По два часа полицијата успеала да ги лоцира и уапси осомничените за убиството, а тие на распитот наводно го признале делото и биле приведени.

притисни ентер