На Марс се откриени правилни форми, значи ли тоа дека имало живот?

Животот на Марс е тема која ги заинтригира научниците и јавноста со децении.

Некои хемикалии кои би можеле да играат клучна улога во потеклото на животот веќе се пронајдени на Црвената планета. Мисијата на Марс научната лабораторија на роверот Кјуриосити на НАСА, кој слета на Марс во 2012 година, пронајде траги од органски материјали во примероците од почва и карпи.

Тие вклучија соединенија составени од јаглерод, водород и други елементи кои често се дел од органски соединенија, но тие не биле доволни недвосмислено да го потврдат присуството на биолошки молекули. Истражувањата исто така покажале дека Црвената планета имала вода, односно реки, езера и мориња.

Меѓутоа, новото истражување, претставено во списанието Nature, отиде чекор подалеку - покажа дека на соседната планета постои механизам многу важен за потеклото и развојот на животот - циклусот на наизменични влажни и суви периоди.

Имено, мисијата Curiosity Rover на НАСА пронашла пукнатини во древната марсовска кал кои се формирале за време на долги циклуси на променливи влажни и суви услови. Имаат карактеристична шестоаголна форма, што укажува на тоа дека споменатите циклуси во областа, наречени Понтури, се повторувале во подолг период.

Ова откритие е многу возбудливо бидејќи го дава првиот јасен доказ за постоењето на сезонски алтернации влажно-суво на почетокот на Марс. „Овие посебни пукнатини од кал се формираат кога се повторуваат влажни-суви услови - можеби сезонски“, вели водечкиот автор на истражувањето, Вилијам Рапин од францускиот Институт за астрофизика и планетологија.

Научниците не се сигурни како започнал животот на Земјата, но според една теорија, токму таквите циклуси на копното помогнале да се создадат сложени хемиски градежни блокови потребни за микробиолошки живот.

Роверот Curiosity постепено се искачува на седиментните слоеви на планината Шарп, висока околу 5 километри, лоцирана во кратерот Гејл. На тој пат во 2021 година, тој откри пукнатини во калта по дупчење примероци од карпата лоцирана во преодната зона помеѓу слојот богат со глина и повисокиот слој збогатен со солени сулфатни минерали. Додека глинените минерали обично се формираат во вода, сулфатите обично се формираат кога водата се суши. Минералите присутни во различни области на кратерот Гејл одразуваат различни периоди во неговата историја.

Авторите на студијата во воведот пишуваат дека Марс има добро сочуван седиментен запис кој е стар милијарди години, бидејќи немало тектонска активност од видот што постои на Земјата долго време.

Понатаму, авторите посочуваат дека басенот за испарување Гејл, бидејќи алтернацијата на влажно-суви периоди може да промовира пребиотичка полимеризација, можело да биде особено погоден за хемиска еволуција што можело да доведе до потекло и развој на животот.

„Евидентираните полигонални обрасци се физички и временски поврзани со преминот од смектитни глини во слоеви кои носат сулфат, што е глобално распространета минерална транзиција, климатски режим сличен на оној на Земјата, како и површински средини погодни за пребиотичка еволуција“, пишуваат авторите.

Околините подложени на циклуси на влага и сувост се сметаат за соодветни, а можеби дури и неопходни за т.н. пребиотичка хемиска еволуција која претходела на еволуцијата на животот.

Авторите на трудот пишуваат дека поради сушењето, активноста на водата се намалува, а концентрацијата на растворливите компоненти во преостанатата течност се зголемува, што промовира зголемување на брзината на реакции, особено за реакции од повисок ред.

„На пример, реакциите кои создаваат нуклеотиди од нивните составни нуклеобази (рибоза и фосфат) создаваат вода и затоа се фаворизирани од ниските водни активности. Но, најважно е дека реакциите на полимеризација неопходни за развој од нуклеотиди до РНК или ДНК и од аминокиселини до протеини бараат чекори на дехидрација што се покажало дека се олеснети со циклуси на влажна-сува адсорпција на нуклеотиди со размена на катјони на базалните површини и затоа се смета дека ја фаворизираат концентрацијата и полимеризацијата на органските соединенија.Под соодветни услови на животната средина, „топлите барички“ на Дарвин можеле да поттикнат реакции за полимеризација на макромолекули и континуирани циклуси на влага и сувоста ја зголемиле веројатноста за хемиска еволуција кон потеклото на животот“, се објаснува во студијата.

Истражуваната транзициска зона обезбедува евиденција за период во кој преовладувале долги сушни периоди и езерата и реките кои некогаш го исполнувале кратерот почнале да се повлекуваат. Како што калта се суши, таа се собира и напукнува во пукнатини во форма на Т, кои Кјуриосити ги откри претходно на локацијата наречена Old Soaker, група пукнатини од кал пониско на планината Шарп. Тие споеви се доказ дека калта на Old Soaker еднаш се формирала , па се исушила.

Но, повторената изложеност на вода и сушата кои ја создадоа калта на Понтур предизвикаа пукнатините во облик на Т да омекнат и да станат во Y-облик, на крајот формирајќи шестоаголна шема.

Шестоаголните пукнатини во преодната зона продолжиле да се формираат дури и откако врз нив се наталожил нов талог, што покажува дека влажно-сувите услови продолжиле во текот на долг период. Прецизниот ласерски инструмент на Curiosity ChemCam потврди дека по должината на рабовите на пукнатините има тврда кора од сулфат, што не е премногу изненадувачки со оглед на близината на сулфатниот регион.

Откритието дава нови докази за поддршка на теоријата дека Марс можеби бил погоден за микробиолошки живот.

Иако сè уште нема дефинитивен доказ за живот на Марс, новите наоди даваат нови возбудливи индиции кои би можеле да помогнат во решавањето на загатката.

Совршен трик за сместување на долгите зимски јакни во плакарот (видео)

Нема да се туткаат, а се отвора и повеќе простор 

Долгите зимски јакни честопати создаваат неред во плакарите.

Зимата конечно заврши и деновите стануваат сè потопли. Многумина веќе ги одложија долгите зимски јакни и палта кои повеќе нема да им требаат. Меѓутоа, проблемот е што оваа зимска облека е гломазна, тешка и обично зафаќа многу простор во плакарот.

Сепак, како што сподели една „инфлуенсерка“, постои трик за тоа како да ги наредите гломазните дебели јакни да не прават неред во плакарот, а сепак да се сочуваат на најдобар начин до следната зимска сезона. Во видеото на Инстаграм на страницата nest_in_order, кое се занимава со уредување на домот и едноставни трикови, откриен е метод како да сместите долга јакна во плакарот.

Потребно е само да ја закопчате јакната, да ги прекрстите ракавите на задната страна и да го свиткате долниот дел со горниот дел, односно да го повлечете нагоре, и со помош на патентот да ја закачите за закачалката. На овој начин јакната ќе се „скрати“, но ќе се здипли без да се тутка и да зафаќа дополнителен простор во плакарот.

Многу дами ѝ се заблагодарија на „инфлуенсерката“ за споделениот трик, велејќи ѝ дека им го олеснила животот и дека не треба да се грижат за тоа како да ги наредат нивните јакни.

- Изгледа одлично.

- Јасно и толку едноставно.

- Само ако јакните имаат двоен патент.

– Сега се чувствувам толку глупаво – беа дел од коментарите.

Многумина се согласија дека овој трик им помогнал подобро да го организираат сопствениот плакар, особено ако имаат повеќе вакви јакни. Како што предупредија корисниците на социјалните мрежи, овој трик е совршен за долги јакни со пердуви, но не и за капути кои се направени од штоф. Таквите капути најдобро е да ги оставите да висат, инаку штофот може да се превитка и ќе имате проблем кога ќе го облечете вашиот омилен капут повторно кога ќе дојде време за него.

Чола „тежи“ 25 милиони евра, a носи часовник вреден 2.000 евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра . Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

- Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес - изјави тогаш Здравко.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

- Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа – скромно вели пејчачот.

Извор: Аваз

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. 

Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело.

Постојано копнеење за слатки

Шеќерот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптирале на благото и на тој човек му треба сѐ повеќе благо, за да го добиете истиот вкус, но и истото задоволство како и првиот пат, слично како дрога. Поради сѐ тоа, докторите советуваат навремена контрола на внесувањето шеќер.

- Со тоа што јадете многу шеќер, предизвикувате хормонален одговор во Вашето тело што е како бран. Ве крева, а потоа Ве треснува од земја, и тоа го поттикнува Вашето тело да бара повеќе шеќер, појаснува Алперт.

Промени во расположението

Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“. И обратно... Падот на шеќерот во крвта може да предизвика пад и во расположението и поголема нервоза и вознемиреност.

Тромавост

Откако шеќерот ќе го предизвика почетниот скок на енергијата, тој предизвикува и пад. Енергијата е најстабилна кога шеќерот во крвта е стабилен, така што кога се консумира премногу шеќер, има и падови во енергијата. Премногу шеќер честопати значи и недоволен внос на протеини и влакна.

Пукање на кожата

Д-р Ребека Казин смета дека некои луѓе се чувствителни на напливи на инсулин поради прекумерно внесување на шеќер. Тоа може да предизвика нарушување на хормоните, што води, на пр., до сува кожа, ранички, акни и сл.

Дебелеење

Вишокот шеќер значи - вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, шеќерот нема никаква хранлива вредност. Сѐ тоа, заедно со ослободувањето инсулин, ја покачува телесната тежина, но и ја зголемува опасноста од појава на дијабетес.

Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон инсулин. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот.

Премногу кариес

Кога бактериите ги разјадуваат честичките храна меѓу забите, се создава киселина што постепено предизвикува расипување на забите. Плунката сама по себе одржува здрава рамнотежа на бактерии, но шеќерот може да влијае на пе-ха вредноста и да го наруши тој природен сооднос. Неправилното размножување на бактериите, всушност, води кон расипување на забите и кариес.

Мозочна магла

Деконцентрацијата што обично се јавува после оброк е симптом на низок шеќер во крвта. Кога се јаде многу благо, пак, нивото шеќер во крвта се зголемува и опаѓа, наименично и брзо. Тоа, според стручњаците, ја зголемува расеаноста, и укажува на задолжителна контрола на внесот на шеќер.

Ништо не е така слатко како порано

Премногу шеќер предизвикува сензорите за вкус да се навикнат на слатките вкусови, па затоа човекот бара сѐ повеќе шеќер за да ја задоволи својата глад за слатко. Меѓутоа, тука се препорачува свесно намалување на благото и самоконтрола. На тој начин, по извесно време, телото повторно ќе се навикне и ќе се задоволува со малку шеќер. /МИА

притисни ентер