На легендарниот Болт му се скина Ахиловата тетива среде хуманитарен настан

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, легендарниот јамајкански спринтер Усеин Болт доживеа руптура на Ахиловата тетива додека настапуваше на хуманитарен фудбалски натпревар одигран вчера во Лондон.

Болт играше за светската селекција против Англија, за која настапуваа и некои поранешни англиски фудбалери, на натпреварот „Сокер Ејд“ одигран на Стемфорд Бриџ.

„Ахил пукна, но знаете дека јас сум воин“, објави осумкратниот олимписки шампион Болт на социјалните мрежи покрај фотографијата на која се гледа лонгета на десната нога. На таа објава реагираше и ривалот на Болт од натпреварувачките денови, американскиот спринтер Џастин Гетлин:

„Брате, што правиш?!?! Се пензиониравме, сети се“, напишал Гетлин со насмевка. Денеска 37-годишниот Болт се прости од активната атлетика во 2017 година по светското првенство што се одржа во Лондон.

Лајчак: Во изминатите две недели примарниот фокус беше на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Специјалнито пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, наведе дека изминатите две недели биле „вртлог од дипломатски напори“ насочени кон напредок во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина.

Специјалнито пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, наведе дека изминатите две недели биле „вртлог од дипломатски напори“ насочени кон напредок во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и дека примарен фокус на изминатите 14 дена бил дијалог.

На Фејсбук, Лајчак, сумирајќи ги последните две недели, објави дека, иако немало договор за агендата на трилатералната средба на последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина во вторникот во Брисел, се разговарало за политички и технички прашања и дека „ беа презентирани важни чекори кои ќе ја водат „следната дискусија“.

„Во вторникот ги повикав и Косово и Србија во Брисел на одделни состаноци. Иако не успеавме да се договориме за агендата на трилатералниот состанок, разговаравме за политички и технички прашања и наведовме важни чекори кои ќе ја водат нашата следна дискусија“, напиша Лајчак.

Концерт на Стефан Миленковиќ и „Профундис“ во Филхармонија

Српскиот виолинист Стефан Миленковиќ и македонскиот камерен оркестар „Профундис“ вечер ќе одржат концерт во големата сала на Македонската филхармонија. 

Миленковиќ ќе музицира заедно со „Профундис“ под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ.

Маестра Дашиќ вчера на прес-конференција истакна дека ќе бидат изведени некои од најсложените дела од класичната музика кои се предизвик дури и за најдобрите музичари.

Миленковиќ ја изрази својата восхитеност од „Профундис“, истакнувајќи ја извонредната уметничка изведба и страста за музиката на оркестарот.

-Не секогаш ние изведувачите ја бираме програмата, ама утревечер, во Филхармонија, тоа ќе биде величенствена класична музика на композитори кои го одбележаа минатиот век, изјави вчера српскиот виолинист.

Јане Бакевски од камерниот оркестар „Профундис“ се заблагодари на публиката и на спонзорите за нивната несебична поддршка која е од огромно значење за поддршката на културата.

Камерниот оркестар „Профундис“ е уметнички состав чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во државата, Националната опера и балет и Националната филхармонија.

Стефан Миленковиќ е српски виолинист, роден во 1977 година. На десетгодишна возраст настапувал пред личности како претседателот на САД Роналд Реган, советскиот лидер Михаил Горбачов, и папата Јован Павле II.

Неговата кариера е обележана со настапи на сцени како „Карнеги Хол“, Конзерваториумот „Чајковски“ во Москва, и „Марински“ театарот во Санкт Петербург. Во текот на својата кариера, Миленковиќ е добитник на наградите „Уметник на векот“ и „Најхумана личност“, а добитник е и на титулата „Личност на годината“.

Хутер по триумфот над Барселона: Фантастична победа, среќа за тимот и навивачите

Тренерот на Монако, Ади Хутер е импресиониран од победата над Барселона синоќа во натпреварот од 1. коло во Лигата на шампионите.

Монако славеше со 2:1 на домашен терен.

- Тоа беше совршен почеток. Фантастична победа, среќа за тимот, среќа за нашите навивачи и за клубот. Како прво, јас сум многу горд - особено на момците како Елисе Бен Сегир, која има 19 години, Магнес Аклиуш, која првпат играше во Лигата на шампионите, Ламине Камара, која има 20 години. Вака сакаме да се движи Монако. Многу сум среќен за играчите. Тоа секако ќе биде одличен спомен за нив. Тоа беше мојот прв натпревар во Лигата на шампионите и нашата прва победа и никогаш нема да ја заборавам. Бев многу импресиониран од нашите навивачи. Кога ќе ја слушнете химната на Лигата на шампионите, убаво е. Но, генерално, кога сте тренер, навистина сте фокусирани само на играта, а ние ја заслуживме победата, го цитира Хутер прес-службата на УЕФА.

Во второто коло Монако ќе игра на гости со Динамо Загреб на 2 октомври. Барселона ден претходно ќе се сретне со Јанг Бојс.

притисни ентер