Крилниот кошаркар кој потпиша договор со белградски клуб ова лето, е уапсен во Тексас, откако била пронајдена дрога во неговиот автомобил за време на рутинската контрола на сообраќајната полиција.
Во автомобилот на Томас биле пронајдени неколку апчиња екстази, 3,5 грама марихуана и две шишиња масло од канабис во во понеделникот вечерта.
„Томас управувал автомобилот Киа Оптима, бил запрен и кога го отворил прозорецот, полицаецот намирисал марихуана, која Томас очигледно ја консумирал додека возел“, соопшти полицијата.
Американски кошаркар е ослободен од затвор со кауција од 32.000 долари, но ќе мора да се појави на суд затоа што против него е поднесена тужба.
Тој се соочува со казна од две до 10 години затвор.