На децата во Кина ќе им бидат дозволени видео игри само три часа неделно

Кина им забрани на децата под 18 -годишна возраст да играат видео игри повеќе од три часа неделно, во обид да се намали зависноста што властите некогаш го нарекуваат „духовен опиум“.

Новите правила, објавени вчера, се дел од пошироката кампања на Пекинг со цел да се зајакне контролата врз општеството и клучните економски сектори, вклучувајќи ја технологијата, образованието и пазарот на недвижности, по годините на брз раст.

Ограничувањата, кои се однесуваат на сите платформи, вклучувајќи ги и паметните телефони, се голем удар за глобалната индустрија за видео игри, каде младите играчи се најпрофитабилниот пазар.

Тие го ограничуваат времето за деца под 18 -годишна возраст да играат по еден час дневно, од 20 до 21 часот, и тоа само во петок, сабота и недела, пренесува државната новинска агенција Ксинхуа. Еден час дневно, исто така, ќе може да се игра и на државни празници.

Правилата на регулаторот, Националната агенција за медиуми и издавачи доаѓаат во време на пресметка на Пекинг со кинеските технолошки гиганти како Алибаба и Тенсент Холдинг.

Кампањата насочена кон она што државата го нарекува „див раст“ на некои компании довело до губење милијарди долари на берзите во Кина и во странство.

„Тинејџерите се иднината на нашата татковина“, рекол портпаролот на агенцијата. „Заштитата на физичкото и менталното здравје на младите луѓе е од витален интерес на нацијата и е поврзана со одгледување на помладите генерации во време на национално подмладување“, додава Ксинхуа.

На компаниите за видео игри нема да им биде дозволено да им нудат услуги на децата надвор од одреденото време и ќе мора да воведат системи за верификација во реално време, соопштил регулаторот кој го следи пазарот на видео игри.

Според правилата од 2019 година, Кина ги ограничи лицата под 18 години да играат видео игри час и 30 минути секој ден и три часа за празниците.

Скандал во Франција: Фудбалери со факели ги гаѓаат своите навивачи (ВИДЕО)

Натпреварот од 36. коло на француската Лига 2 Троа - Валенсиен беше прекинат и заврши во 89. минута, по немирите кои настанаа меѓу домашните навивачи и играчите.

Домашната екипа е во грчевита борба за опстанок и повеќе не зависи само од себе, па победа против фенерите и веќе видениот патник во Националната лига беше императив. Сепак, работите не тргнаа во посакуваната насока.

Симон Елисор му донесе водство на тимот во сопственост на „Сити груп“, но Ник Фенема израмни за Валенсија. Минутите поминаа, а надежите на Троја избледеа. Нерешениот резултат би им оставил само теоретски шанси.

Во 89. минута, домашните навивачи со факели го прекинаа натпреварот, што ги налути некои играчи, особено резервниот Жуниор Олаитан, кој на полувремето влезе во игра наместо Лука Илиќ.

Тој не беше среќен што симпатизерите го прекинаа натпреварот во важни моменти, па со факел им возврати на навивачите, што подоцна го повтори откако повеќе од нив паднаа од трибините со уште повеќе пиротехнички средства.

Неговиот пример го следеа и некои соиграчи, кои дополнително ги испровоцираа навивачите и го принудија судијата да ја прекине играта и да им зададе многу работа на дисциплинските органи...

ЦУК: Пронајдено повозрасно лице изгубено на планината Плачковица

Во спасувачка потрага синоќа е пронајдено 66-годишно лице кое се изгубило на планината Плачковица.

Како што денеска соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК),лицето е пронајдено околу еден часот по полноќ од страна на спасувачите од Доброволната планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани откако во 18:08 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена информација за исчезнато лице.

- Лицето заедно со негов пријател дента се упатиле по пешачка патека кон езерото Дивичев Вир на планината Плачковица. Но, при крајот на денот, пријателот се вратил дома, а 66-годишникот не, бидејќи се изгубил во планината. Случајот бил веднаш пријавен во Полициската станица Кочани. Во потрагата на лицето прво се вклучиле членови од неговото потесно семејство. За итниот случај, од ЦУК биле известени ДЗС од Кочани и Горска служба, а на потрагата се приклучиле и други субјекти од локалната самоуправа. егионалниот ЦУК Штип пред полноќ информираше дека изгубеното лице на Плачковица е пронајдено живо и во добра состојба во 22.50 часот, од страна на членови на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ Кочани, информира ЦУК.

Поради подолгиот престој на студено време во планината, лицето било згрижено од страна на спасувачите, а потоа безбедно спуштено до селото Зрновци, каде што имало возила на полицијата и на Итната медицинска помош од Кочани.

Спасовски: Борбата на Делчев беше за Македонија со европска иднина

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, положи цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во кругот на Гимназијата „Гоце Делчев”, во Куманово.

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, положи цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во кругот на Гимназијата „Гоце Делчев”, во Куманово, по повод 121 година од загинувањето на македонскиот револуционер. Во продолжение честитката од Спасовски на социјалните мрежи:

„Гоце Делчев - син на Македонија, двигател на македонскиот цивилизациски напредок.

Денеска, со посебен пиетет положив цвеќе пред бистата на великанот Гоце Делчев во мое Куманово, по повод 121 годишнината од загинувањето на македонскиот јунак.

Борбата на македонскиот револуционер Гоце Делчев никогаш не беше свртена кон минатото, туку кон иднината. Македонија со европска иднина, како дел од демократскиот и прогресивен свет. Тој ни остави аманет за вклученост и искрен пристап во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност.

И никогаш посилно не одекнувале неговите зборови во Преспа, во далечната 1901 година: „Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи“ - Идеалите и заложбите на великанот Делчев ги продолжуваме остварувајќи го вековниот сон за слободна, демократска и економски напредна Македонија, дел од најмоќните светски сојузи НАТО и ЕУ - како Македонци, со македонски идентитет, посебност, јазик, култура и традиција.

Нека му е вечна слава!”, напиша Спасовски на социјалните мрежи, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер