На БитФест изложба „Писаното на битолската везилка“

Во организација на НУ Центар за култура-Битола и Здружението „Етнокреатив“, а во рамките на битолското културно лето „БитФест“ вечер во градот ќе биде отворена изложба на тема „Писаното на битолската везилка“.

Павлина Јовановска од „Етнокреатив“ посочи дека станува збор за манифестација посветена на битолските везилки, кои ќе ги изложат своите најнови креации и кои во наредните денови ќе продолжат да творат на тема „Направи и понеси сувенир со битолски народен вез“ за што се подготвени неколку работилници.

- Со иглата и боите на конецот да се слика врз бело платно треба многу време, трпение и желба, но ако во таа авантура по таинствената патека од памтивек, се чекори со љубов, душата ќе ти се исполни со воодушевувања од богатството на орнаментите, боите и техниките. Само тогаш може да се слушне аманетот во писаното од битолската везилка, оставен од дамнина, за незаборав на везот наш македонски, истакна Јовановска во пресрет на вечерашниот промотивен настан.

Изложбата „Писаното на битолската везилка“ која ќе биде поместена и отворена во НУ Центар за култура-Битола претставува воведна културна манифестација на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ кој утре почнува во овој град.

- Изложбата и работилницата посветени на народната носија и вез кои ги реализираме во соработка со Здружението „Етнокреатив“ се дел од едукативните содржини на фестивалот преку кои ќе го афирмираме стариот битолски вез, но и луѓето кои што сега творат во таа насока, го чуваат тој вез и создаваат одредени сувенири кои како недостаток може да се надоместат само на ваков начин, информираа од НУ Центар за култура-Битола.


Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер