На 42. Остен Биенале на цртеж 2014 аплицирале автори од 53 држави

На 42. Остен Биенале на цртеж 2014 пристигнале 1.416 дела на 474 автори од 53 земји. Најголем број апликации се од Македонија, а според бројноста следуваат дела од Црна Гора, Полска, Србија и од Бугарија.

Остен Биенале свечено ќе биде отворено во четврток во галеријата „Остен“, кога ќе бидат врачени наградите. Наредниот ден, во изложбениот салон на МАНУ, ќе биде отворена изложба на селектираните автори на Биеналето на цртеж. Се работи за дела од 150 македонски и странски автори.

Остен веќе ги соопшти двете главни награди: Гран-при за животно остварување за Марина Абрамовиќ (Црна Гора/САД) која, како што најави организаторот, ќе има видеообраќање на отворањето на Биеналето, а Шпанецот Хуан Миро е добитник на наградата Светско културно наследство.

За годинашните награди и за селектирањето на делата кои се претставени во каталогот за Биеналето на цртеж 2014 одлучи интернационално жири во состав: Павле Пејовиќ (Црна Гора), Николас Тау (САД) и Анита Халдеман (Швајцарија).

Според одлука на жирито, првонаградени се авторите: Ана Плавинскаја од САД за цртеж, Јармила Вешовиќ-Рус од Франција/Црна Гора за сликарство на хартија, Бранислав Бркиќ од Србија за графика, Александра Косон од Полска за млад уметник и Игор Јосифов од САД за оригинално дело на хартија.

Пјер Пинончели од Франција и Сафет Зец од Босна и Херцеговина се добитници на наградата Уметник на светот (Награда на САВУ - Светска асоцијација на визуелни уметности). Анка Буриќ од Црна Гора ја добива наградата на ИФМУ (Интернационална фондација за музика и уметност).

Посебни признанија на жирито им се доделуваат на Душан Перчинков од Македонија за високи уметнички достигнувања и Александар Рафајловиќ од Црна Гора за уметнички достигнувања.

Со „Златен остен“ се наградени: Лукаш Герлак од Полска, Соња Б. Мешер од Обединето Кралство, Клаудија Завада од Полска, Трајана Панајотова од Бугарија, Ирена Пауновиќ од Србија и Игор Лекшиќ од Хрватска.

Посебна награда на жирито добиваат: Горан Менков од Македонија, Рајко Попивода од Србија / Црна Гора и Алирио Хозе Инфанте Лопез од Венецуела.

На националната колекција на Црна Гора, од каде има 29 учесници, и се доделува Посебно признание на Остен за национална колекција, а посебни признанија ќе добијат и Венцеслав Антонов од Бугарија - за легат и Драган Караџиќ од Црна Гора - за извонредно уметничко достигнување.

Награда „Остен“ добија: Евгенија Демниевска од Франција, Ваватум Тенгаи од Тајланд и авторите од Македонија: Александар Јанкуловски, Ирена Гапковска (САД/Македонија) и Трајче Блажевски.

Уметничките творби стануваат дел од Музејот на цртеж, а сите други дела со кои уметниците партиципирале во изданијата на оваа манифестација, влегуваат во составот на колекцијата на Остен.

„Одред за уживање“ на Ким Џонг ун - секоја година избира по 25 девици и ги дели на три групи

Девојка која успеала да побегне од Северна Кореја, на својот канал на Јутјуб открива дека диктаторот Ким Џонг-ун секоја година избира 25 девици за својот „Одред за задоволство“.

Девојките се избираат поради нивната физичка привлечност, тврди 30-годишната Јутјуберка Јеонми Парк, но и поради нивната политичка лојалност, пренесува Дејли Стар.

Парк вели дека „агентите“ на Ким ја забележале во два наврати затоа што била лојален следбеник на партијата, но никогаш не ја избрале поради нејзиниот „семеен статус“.

- Провалуваат во сите училници, дури и ги обиколуваат училишните дворови за да не пропуштат некоја згодна девојка - рече таа.

- Кога ќе најдат убави девојки, го проверуваат нивниот семеен и политички статус. Така, тие елиминираат девојки чии членови на семејството се дезертери или имаат роднини во Јужна Кореја или други земји.

- Следен чекор е лекарски преглед, утврдуваат дали девојките се девици. Кандидатките кои ќе го положат тестот се подложени на подетални лекарски прегледи, каде што и најмалата мана - како мала рана каде било на телото - е доволна причина за дисквалификација.

Ригорозната анализа остава „само неколку девојки од цела Северна Кореја“, кои потоа се испраќаат во Пјонгјанг. Откако ќе бидат избрани, Парк вели, „нивната единствена цел во животот е да му угодат на диктаторот“.

Ким Џонг-II го смислил „Одредот за задоволство“ уште во 1970-тите, објаснува Парк.

- Мислеше „ако изберам неколку убави девојки и ги одведам кај татко ми Ким II-сунг, ќе биде многу задоволна“, рече таа.

- Потоа избрал убави жени и ги сместил во одморалиште каде што ги посетува Ким II-Сунг. Неговиот татко бил толку трогнат што неговиот син помислил на неговото задоволство, а тоа е една од причините зошто го избрал за свој наследник.

Десет години подоцна, Ким Џонг-II создал друг тим за свои потреби. Парк вели дека одредите и групите се менувале со текот на годините бидејќи диктаторите имале различни вкусови.

- Ким II-Сунг имаше традиционален вкус за жени, бидејќи беше постар, па неговата група беше наречена Електронски Почонбо Ансамбл. Ким Џонг-II го нарече својот бенд за лесна музика „Wangjaesan“. Ким Џонг-II претпочиташе жени повисоки од 160 см - рече таа.

Ким Џонг-ун има тенденција да избира „витки“ жени и фаворизира жени со „западен изглед“. „Се шпекулира дека неговата сопруга била член на Одредот за задоволство“, додаде Парк.

Во рамките на „ Одредот за задоволство “ има три различни дивизии. Првите се обучени за масажа, вториот оддел е специјализиран за пеење и танцување за забава на лидерот и неговиот внатрешен круг. Оваа група понекогаш настапува јавно како бенд Моранбонг.

Третата група е „одредот за сексуална активност“, рече Парк.

- Тие мора да бидат сексуално интимни со диктаторот и другите мажи. Мора да научат како да ги задоволат овие мажи - тоа е нивната единствена цел.

Најубавите девојки се резервирани само за Ким, додека останатите членови на одредот треба да ги задоволуваат генералите и другите моќни луѓе.

Условите за живот во Северна Кореја се толку сурови што родителите често се среќни што нивните ќерки ги избираат за „Одредот за задоволство“, бидејќи тоа значи дека барем девојчињата нема да гладуваат.

Откако ќе стигнат до средината на 20-тите години, нивното време истекува. Тие често се во брак со телохранителите на Ким. Парк вели дека е привилегија за членовите на Одредот да изберат со кој член на безбедносните служби сакаат да се омажат. Парк, чии приказни за животот во Северна Кореја се опишани како претерани од некои критичари, вели дека династијата Ким се „педофили кои очекуваат да бидат обожувани како богови“.

Бразил е погоден од најголемите поплави во последните 80 години- најмалку 37 загинати (ВИДЕО)

Во огромните поплави, предизвикани од обилните дождови, во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул загинаа 37 лица, додека 74 лица се водат како исчезнати.

Станува збор за рекордна поплава каква што не е забележана во Бразил цели 80 години.

Оваа поплава е четврта голема поплава за една година што го погоди Бразил. Земјата беше под вода и во јули, септември и ноември. Во тие поплави животот го загубија вкупно 75 луѓе,

Според Бразилскиот геолошки институт, поплавите низ целата земја го надминале оној забележан за време на историскиот потоп во 1941 година. Во некои градови нивото на вода било на највисоко ниво од почетокот на мерењата пред речиси 150 години, објави агенцијата.

Вчера делумно се урна хидроелектричната брана меѓу градовите Бенто Гонкалвес и Котипора, а цели градови во долината на реката Таквари, како Лајеада и Естрела, се целосно под вода. Во градот Фелиз, на 80 километри од главниот град Порто Алегре, надојдена река го однела мостот што го поврзува со соседниот град Лина Нова.

Операторите пријавиле прекини на струја, комуникации и вода низ целата држава. Според Агенцијата за цивилна одбрана, повеќе од 23.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови. Жителите останале без интернет, телефонски услуги и струја, пренесува Гардијан.

Хеликоптери постојано летаа над градовите додека заглавените семејства со деца чекаа спас на покривите. Врнежите започнаа во понеделникот и се очекува да траат најмалку до утре, изјави денеска Марсело Селучи, главен метеоролог во Националниот центар за следење и предупредување за природни катастрофи, за бразилската јавна телевизиска мрежа.

Времето низ Јужна Америка е под влијание на климатскиот феномен Ел Нињо. Тоа е повремен, природен настан кој ги загрева површинските води во екваторијалниот регион на Тихиот Океан. Во Бразил, Ел Нињо историски предизвикува суши на север и интензивни врнежи на југ.

Оваа година, ефектите од Ел Нињо беа особено драматични, со историска суша во Амазон. Научниците велат дека екстремните временски услови сѐ почесто се случуваат поради климатските промени предизвикани од човекот.

Необичен рекорд: На аеродром во Јапонија цели 30 години не бил загубен багаж

Додека аеродромите во Сингапур (SIN) и Доха (DOH) меѓусебно се натпреваруваат да бидат најдобри во светот, јапонскиот аеродром Кансаи (KIX) се гордее со уште едно достигнување.

Овој меѓународен аеродром, инаку седми најфреквентен во Јапонија, не изгубил ниту еден багаж од патниците во своето 30-годишно постоење, од неговото отворање во септември 1994 година, објави Си-Ен-Ен.

Кансаи е главниот аеродром во регионот Осака, изграден на вештачки остров во тамошниот залив и е најблискиот меѓународен аеродром до градовите Осака, Кјото и Кобе. Годишно низ него минуваат од 20 до 30 милиони патници.

Skytrax, онлајн веб-страница за рангирање и рејтинг на авијација со седиште во Британија, го прогласи аеродромот Кансаи за најдобар во светот во ракување со багаж и му ја додели наградата во април.

Кансаи е рангиран како 18-ти најдобар аеродром во светот за оваа година, зад меѓународниот аеродром во Токио, Нарита (НРТ) кој е на петтото место и Ханеда (ХНД) кој е на четвртото место.

При изборот на најдобриот аеродром, се земаат предвид критериумите како што се пристигнувањето на багажот навреме, понудата на храна и пијалоци, процентот на навремени влезни и појдовни летови и чистота.

Вработените во Кансаи чувствуваат дека не прават ништо посебно, но се среќни поради признанието кое им го доделиле од Skytrax.

„Го правиме она што е нормално. Ние ги извршуваме нашите задачи на дневна основа и тоа е она по што сме познати. Се разбира, среќни сме поради наградата. Мислам дека нашиот персонал, особено оние на копно, се чувствуваат поудобно поради тоа “, рече Кенџи Таканиши, лице за аеродромски односи со јавноста за Си-Ен-Ен.

Кансаи моментално се подготвува за EXPO2025. што ќе се одржи во Осака.

притисни ентер