На 42-годишна возраст почина момчето на Арина Сабаленка

Поранешниот белоруски хокеар, Константин Колцов почина ноќеска во Мајами, на 42-годишна возраст. 

Колцов кој беше актуелен тренер на тимот Салават отиде во САД да ги гледа натпреварите на неговата девојка, тенисерката Арина Сабаленка.

- Со длабока тага ве известуваме дека почина тренерот на Салават Јулаев, Константин Колцов. Беше силна и весела личност, беше сакан и почитуван од играчите, колегите и навивачите.

Константин Евгениевич засекогаш се запиша во историјата на нашиот клуб. Колцов го освои Руското првенство и Купот Гагарин како дел од Салават Јулаев и направи одлична работа во стручниот штаб на тимот, соопштија од клубот кој го предводеше Колцов.

Играчката кариера на белорускиот хокеар траеше од 1997 до 2015 година. Играше за Јуност, Динамо Минск, Северстал, Новокузњецк Металург, Ак Барс, Спартак, Салават Јулаев, Атлант и Питсбург.

Баерн Минхен подготвува огромна сума за Френки де Јонг

 Раководството на Баерн Минхен ќе се обиде да го привлече играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесе „Скај“.

Шефовите на баварците за него подготвиле 75 милиони евра.

Минатото лето Барселона сакаше да го продаде Френки Де Јонг поради финансиски проблеми, но играчот од средниот ред сепак остана во тимот.

Се наведува дека раководството на тимот од Минхен веќе стапил во контакт со претставниците на Де Јонг за да ги дознаат условите на самиот играч.

Барселона би била подготвена да го продаде холандскиот репрезентативец во договор со слични финансиски параметри.

За Барселона најголем проблем е високата плата и поради финансиски проблеми на лето ќе мора повторно да продава играчи.

Светска програма за храна на ОН-Луѓето во Газа се соочени со „целосно гладување“

Светска програма за храна на ОН: Луѓето во северниот дел на Појасот Газа се соочени со „целосно гладување“.

Шефицата на Светската програма за храна на Обединетите нации (ОН), Синди Мекејн, предупреди дека луѓето во северниот дел на Појасот Газа сега се соочени со „целосно гладување“.

Таа за ТВ мрежата NBC изјави дека е тешко за гледање и дека катастрофалната ситуација се шири кон југ.

„Има гладување, целосно гладување на север и се шири кон југ. Тоа е ужас“, изјавила Синди Мекејн, пренесува Си-Ен-Ен.

Таа додаде дека нејзината организација бара прекин на огнот и непречен пристап до Газа со цел да испорача хуманитарна помош.

Папата им го честиташе Велигден на православните христијани

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска им го честиташе Велигден на православните христијани и верниците од источните цркви кои го слават според јулијанскиот календар, пренесе Ватикан њуз.

- Со најтопли чувства упатувам честитки до браќата и сестрите од православните цркви и некои источни цркви кои денеска го слават Светиот Велигден според јулијанскиот календар. Нека воскреснатиот Господ ги исполни сите заедници со радост и мир и да ги утеши оние кои поминуваат низ искушенија, рече папата на крајот од традиционалната неделна миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Во својата проповед пред неделната молитва, папата повторно повика на молитви за жртвите од поплавите во Бразил, како и за мир во Украина, Израел и на палестинските територии.

притисни ентер