МЗТ Скопје Аеродром со нови сили во новата сезона

Актуелниот кошаркарски првак на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром со реконструиран и подмладен тим ќе настапува во новата сезона, најнапред во АБА лигата, а подоцна и во домашното првенство.

Директорот на клубот Видоја Секуловски, информира дека сезонава буџетот на кубот е околу 400.000 евра, двојно помалку во однос на претходната година. Тоа е и главната причина поради која екипата во најголем дел се насочи кон младите играчи.

Би сакал да им се заблагодарам на оние кои дадоа свој придонес, пред се на Гечевски, Чековски, Дамјан Стојановски и Костоски. Сезонава почнуваме со драстично намален буџет, но очекуваме да ги повториме ланските успеси дома, а во АБА-лигата да бидеме подобри, изјави директорот Секуловски.
- Го ангажиравме Змаго Сагадин, со кого потпишавме две годишен договор, а тој треба да работи со овие млади играчи и кој ќе треба да вади нови ѕвезди во интерес на клубот и на македонската репрезентација, изјави Секуловски на денешната прес-конференција.

Новиот тренер на сино - белите, Сагадин ќе има тешка задача особено во регионалната АБА конкуренција, но и тој не го криеше оптимизмот.

- Мило ми е што дојдов во Македонија, во добар и организиран клуб како МЗТ Скопје. Тимот е доста млад, но со неколку искусни кошаркари бидејќи АБА лигата е трета по силина во Европа и е тешко да се направи добар резултат и истовремено да се произведуваат млади играчи. Во моментов е невозможно да се процени каде котираме на регионален план бидејќи ниту ние си ја знаеме силата ниту, пак, знаеме нешто повеќе за најголем дел од клубовите. Вистинските подготовки ги почнуваме денеска бидејќи првпат ќе ги имам на располагање сите играчи на кои ќе сметам за следната сезона. Домашната лига ќе биде искористена за шанса на младите играчи, а АБА лигата за остварување на добар резултат, изјави Сагадин.

Иако веќе одреден период тимот тренира, сепак вистински подготовките започнуваат сега имајќи в предвид дека конечно тимот се комплетира.

По десетдневните подготовките во Маврово „Аеродромци“ продолжуваат во Скопје каде ќе започнат и со контролни пријателски натпревари.

Стручниот штаб ма македонскиот шампион покрај Словенецот, Сагадин, ќе го комплетираат и тренерите: Боби Митев, Александар Јончевски, Златко Јанакиевски како и легендата на македонската кошарка, Врбица Стефанов кој ќе има двојна улога во тимот, спортски директор, а ќе биде задолжен за селекција на млади таленти, пред се онаа до 20 години. /МИА

Побеснет бик фрла жена како да е кукла- ја молеле да не му приоѓа, не ги послушала (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи застрашувачко видео снимено на плажата Ла Фортуна, во близина на мексиканскиот град Сан Лукас.

Туристка се обидела да ги собере работите, кога бик опасно ѝ се приближил. Луѓето се обиделе да ја предупредат, но таа не послушала.

На почетокот, жената во црн фустан ги собира работите од песокот, додека бикот ги мириса. Слушаме како луѓето ја предупредуваат да побегне.

„Премногу си играте со него. Ве молам, немојте да го правите тоа“, рекол еден маж.

Меѓутоа, жената не се откажала и ја ставила раката на главата на животното, како да го турка.

„Ве молам, не го правете тоа“, продолжил да се моли човекот.

Опасното животно молскавично реагирало и ја удрило жената со рогови. Сведоците на инцидентот почнале да врескаат, пренесува Daily Mail.

Туристката успеала да стане, но бикот повторно ја соборил на песокот. Се кренала прашина, а никој не се осмелил да ѝ пријде и да ѝ помогне на несреќната жена.

„Се обидувавме да ви кажеме“, се слушаат извици.

Останува нејасно од каде дошол бикот на плажата и зошто ѝ пришол на жената. Во исто време не се знае нејзиниот идентитет и со какви повреди се здобила или дали е жива.

Аватари на починати за 46.000 евра- дигитална реинкарнација преку вештачка интелигенција

Враќањето на мртвите во живот преку технологија до неодамна беше поврзано само со филмови, но со напредокот на вештачката интелигенција - вакво нешто повеќе не е само прашање на фикција.

Технолошкиот сектор за тага, познат и како „технологија на смртта“, сега се проценува на повеќе од 100 милијарди фунти на глобално ниво, според веб-страницата за технолошки вести TechRound.

- Го клонираме изгледот на една личност до 96,5% сличност со оригиналната личност - вели Мајкл Јунг, финансиски директор на DeepBrain, една од компаниите кои фиктивно ги враќаат луѓето во живот.

Компанијата верува дека овој вид технологија може да биде важен за развојот на културата на „добра смрт“, каде што однапред се подготвуваме за смртта на најблиските, оставајќи ја семејната историја, приказни и спомени како дел од наследството.

Сепак, процесот не е евтин и корисниците не можат сами да креираат аватар. Наместо тоа, тие треба да ѝ платат на фирмата до 50.000 долари. И покрај оваа висока цена, некои инвеститори се уверени дека ќе биде популарна, а DeepBrain собра 44 милиони долари во својот најнов круг на финансирање.

Психологот Лаверн Антробус предупредува дека треба да се биде многу внимателен кога се користат такви „технологии на тага“ во периоди на силни емоции.

- Загубата е нешто што нѐ изненадува. Може да мислите дека сте прилично блиску до тоа да бидете добро, а потоа нешто може да ве врати назад – вели таа, а пренесува Би-би-си.

Антробус додава дека луѓето не треба да брзаат да го користат четботот на изгубената сакана личност.

- Треба да се чувствувате прилично цврсто пред да користите вакво нешто. Сфатете ги работите многу, многу бавно.

Таа исто така, предупредува дека не постои замена за човечката поддршка кога станува збор за надминување на тагата.

- Навистина не можам да замислам дека технологијата ќе ги преземе традиционалните аспекти на жалоста, кои се однесуваат на чувството на блискост со луѓето, чувството на грижа за нив, чувството на благодарност.

Камион виси на мост во Кентаки: Пожарникари ја извлекуваат жената- возач (ВИДЕО)

Во судница во Кентаки е прикажано видео од спасувањето на жена која возела камион што виси над река откако нејзиното возило излета преку оградата на мостот.

На видеото се гледа и несреќата што довела до оваа неверојатно опасна ситуација на мостот Кларк во Луисвил, Кентаки, пренесува ABC 7.

Видеото од 1 март покажува како возачката избегнува автомобил запрен на мостот, за да удри во камионот следниот момент. Можете да ја видите и снимката од камерата од кабината на камионот - едната што ја снимила возачот, а другата што ја прикажува ситуацијата пред камионот.

Сидни Томас (26) која го управувала камионот, иако се трудела максимално да го контролира возилото, не успеала и изгубила контрола над него - камионот наеднаш свртел налево и ја пробил оградата на мостот. Кабината на камионот во кој се наоѓала Сидни во следниот момент висела на околу 30 метри од водата. Таа очајно се држела за воланот за да не испадне од кабината.

На пожарникарите од Луисвил им требало речиси еден час за да ја одведат на безбедно, па беа поздравени како херои, што и заслужиле.

Возачот на пикапот што ја предизвикал несреќата, 33-годишниот Тревор Бранам, се соочува со повеќе обвиненија, меѓу кои и суспендирање на дозволата. Тој бил на суд завчера и се уште не се пријавил со своја одбрана.

Еве како изгледаше оваа страшна несреќа:

притисни ентер