МЖСПП: Во континуитет се следи состојбата со Преспанското Езеро, следната недела координативна средба

Состојбата со Преспанското Езеро се следи во континуитет и се преземаат активности во рамки на надлежностите, информира Министерството за животна средина и просторно плaнирање.

Министерството најавува дека следната неделаќе се одржи координативна средба на национално ниво за да се разговара за досегашните активности и можностите за подобрување на спроведување на мерките на Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро.

Од Министерството наведуваат дека на состанокот ќе присуствуваат претставници од научната јавност односно научниот совет формиран за спроведување на Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро, општината Ресен, Управата за хидрометеролошки работи, МЖСПП, граѓанските организации активни во регионот и сите засегнати страни во имплементацијата на Планот, за да разговараат за досегашните активности и можностите за подобрување на спроведувањето на мерките од Планот. Целта е во најкус можен рок да се изврши иницијална експертска анализа на причините за состојбата и можните следни чекори за следење и подобро управување со водостојот на Преспанското Езеро.

Од Министерството истакнуваат дека со оглед на прекуграничниот карактер на управувањето со Преспанското Езеро поради неговата географска поставеност и по спроведената ратификација на трилатералниот „Договор за заштита и одржлив развој на пределот на Преспа Паркот" од последната земја потписничка-Грција во 2019 година, со што истиот стапи на сила, Министерството се заложи да го иницира процесот на воспоставување на Комитетот за управување на Преспа Паркот и е во процес на обезбедување номинации од страна на земјите членки: Северна Македонија, Албанија и Грција.

Во меѓувреме, користејќи ја веќе воспоставената меѓународна соработка на експертско ниво во рамките на проектот за овозможување на прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во проширениот Дримски воден басен, Секторот за управување со водите во МЖСПП иницираше вонреден состанок на националните експерти од Дримската група за да ги разгледаат состојбите и да разменат сознанија и согледувања за начините за итно надминување на актуелните состојби со намалување на нивото на водата во Преспанското Езеро.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер