МЗ: Здравствениот систем во државата е подготвен да одговори во случај на импортација на лица со коронавирус

Здравствениот систем во државата е подготвен да одговори во случај на импортација на лица со коронавирус, соопшти Министерството за здравство. 

Редовно се врши проверка на патниците на скопскиот аеродром со термалната камера, а покрај патниците што доаѓаат со летовите од Истанбул и Дубаи, на скопскиот аеродром се скенираат и патниците кои доаѓаат со лет од Доха. Исто така, викендот е извршена и проверка на двајца патници, кои пристигнале со лет од Белград. Граничната полиција утврдила дека доаѓаат од Кина и по проверката од аеродромската здравствена екипа било констатирано дека патниците се здрави, без никакви симптоми и се пуштени со препораки, посочи денеска д-р Гордана Кузмановска од Институт за јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести.

Во моментов, се врши зајакнување на резервите за лична заштитна опрема и веќе е во процедура набавката на заштитна опрема, како што се маски, ракавици, очила, заштитни мантили и друга заштитна опрема, согласно препораките на Светската здравствена организација и процедурата за клинички менаџмент на пациенти и контрола и превенција на болеста.

-Согласно препораките на СЗО, државата презема мерки за задршка, односно за спречување на импортирање на случај. Досегашните сознанија за самиот вирус ни укажуваат дека иако не ги знаеме комплетно сите карактеристики на вирусот и начинот на негово пренесување, граѓаните треба да ги почитуваат препораките за заштита, како што се избегнување близок контакт со лица кои имаат респираторни симптоми, кашлање, кивање, почесто миење раце со сапун и топла вода, да се стави маска доколку во близина има лице со симптоми на респораторно заболување, како и да не се доаѓа во контакт со животни ако се патува во Кина, посочи д-р Кузмановска.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер