МЗ:Двајца починати, 19 оздравени , 62 новозаразени

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-5, Куманово-1, Тетово-9, Битола-1, Гостивар-1.

Во ГОБ „8 септември" почина пациент од Струга (60г.) примен во болницата на 22 мај. Евидентиран е пациент од Гостивар (64г.) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.

Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-2, Штип-14, Тетово-12, Струга-4, Велес-1, Гостивар – 3, Кочани - 1 и Валандово-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541. Последната дистрибуција по градови е следната:

• Скопје – 841, активни 267

• Куманово – 455, активни 45

• Дебар – 51, активни 0

• Штип - 76, активни 41

• Прилеп –211, активни 41

• Тетово – 210, активни 78

• Струга – 84, активни 14

• Велес – 130, активни 30

• Битола –28, активни 3

• Охрид –23, активни 6

• Кавадарци – 5, активни 0

• Гостивар –26, активни 6

• Гевгелија – 4, активни 0

• Струмица – 3, активни 1

• Крива Паланка- 6, активни 0

• Радовиш – 4, активни 0

• Крушево – 3, активни 0

• Кочани – 33, активни 2

• Пробиштип – 2, активни 0

• Кичево – 3, активни 1

• Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1, активни 0

• Македонски Брод - 2, активни 0

• Пехчево- 3, активни 0

• Делчево-1, активни 0

• Валандово -2, активни 1

• Виница – 3, активни 1

• Кратово-2, активни 0

• Берово-1, активни 0

• Свети Николе-1, активни 1.

Направените 771 теста се преку: ИЈЗ –447, ЦЈЗ Скопје- 15, Авицена –27, Биотек -92, Филип Втори (Жан Митрев) –6, Систина со PCR метода -70 и МАНУ -114. Досега во земјата се направени вкупно 29575 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега во рамките на скринингот се направени 3723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 5 пациенти, хоспитализирани се вкупно 44 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти, 1 пациент е на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември" примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи уште 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 28 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

---

Убиена е кандидатка за градоначалник и уште пет лица на предизборен митинг во Мексико (ВИДЕО)

Кандидатката за градоначалник Лусеро Лопез Маза и уште пет лица, од кои една млада девојка, се убиени во пукање на предизборен митинг во градот Ла Конкордија во јужната мексиканска држава Чиапас, пренесе АП.

Покрај тоа, две лица се ранети.

„Конфликтот избувна меѓу вооружени цивили за време на политички митинг“, соопшти обвинителството.

Како што е соопштено, не е познато дали Лопез Маза била цел на нападот, бидејќи улични пукотници се честа појава во таа област.

Чиапас е во близина на границата со Гватемала и е главна рута за шверц на дрога и мигранти, а двата главни нарко картели во Мексико се борат за контрола на областа.

Претходно оваа недела, 11 лица беа убиени во масовно пукање во село во градот Чикомусело, неколку десетици километри оддалечено од Ла Конкордија.

Богојески:Корупцијата е влезена во сржта. Ристевски:ЗНАМ и Левица да бидат поканети во влада

Љупчо Ристовски и Петар Богојески гости во Само Вистина.

Ристовски: Ако „Вреди“ опстои на политиката дека не се брза за 6 месеци да има уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ треба со нив на хартија да наведе се, вклучително и амандмански точки дека нема да притискаат за уставните измени и со тоа да се воведе доверба меѓу коалициите. Оваа држава Македонија на Јалта си ја доби државноста, секако со поддршка на Албанците, но 1991 референдумот ние го издејствуваме, Албанците не го поддржаа. Ако се соочи ВМРО-ДПМНЕ со некаков Албански екстремизам или други притисоци ние сме подготвени да помогнеме. Потребно е и ЗНАМ и Левица да бидат поканети во владата, за сигурност и окрупнување.

Богојески: ДУИ на овие избори се обиде да формира коалиција на верска основа. Мнозинството етнички Албанци го дадоа гласот за „Вреди“. ДУИ треба да одговара за ширење на верски радикализам. По овие избори постигнавме обединување но нашата држава и таа не смее да се води ниту од Приштина ниту од Белград. Покрај тоа што крадат министрите, краде и персоналот. Треба да се укинат дискреционите овластувања на дел од министрите. Корупцијата е влезена во сржта и треба да се реши со најсовремените алатки на денешницата.

Позната е состојбата на повредените во сударот на товарен и патнички во во тунел во Белград

Четири лица се повредени во судар на возови во подземен тунел во Белград.

Тие поради видот на повредите се пренесени во Ургентниот центар, на клиниката за реанимација. Повредени се една жена и тројца мажи, објави Телеграф.

Уште девет лица биле прегледани, но не им било потребно болничко лекување.

За четворицата повредени кои се пренесени се смета дека се тешко повредени, но за среќа не се во животна опасност.

Според првичните информации, во патничкиот воз кој денеска се судри со товарниот воз во подземниот тунел во Белград имало шест патници, како и машиновозачот и кондуктерката. Сите се изнесени од тунелот.

притисни ентер