МВР со предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути.

Овие лица, се вели во соопштението од МВР, се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите кои бараат начин да инвестираат.

- По воспоставувањето контакт преку социјалните мрежи, измамниците комуницираат со жртвите преку телефонски повици, користејќи VOIP броеви, кои обично изгледаат како локални броеви за да стекнат доверба. Во текот на разговорот, тие ги убедуваат жртвите да инсталираат софтвер за далечински пристап, под изговор дека им е потребен за да им помогнат со поставување на платформата за тргување. Откако ќе добијат далечински пристап до компјутерот или мобилниот уред на жртвата, измамниците пристапуваат до електронското банкарство и ги префрлаат паричните средства од банкарските сметки на жртвите. Во многу случаи, жртвите остануваат без средства пред да сфатат дека се измамени, а штетите се значителни, се појаснува во соопштението.

Секторот за компјутерски криминал ги советува граѓаните да бидат исклучително внимателни при комуникација со непознати лица кои нудат финансиски совети преку интернет.

- Никогаш не инсталирајте софтвер за далечински пристап на барање на непознати и внимавајте на повици од непознати или сомнителни телефонски броеви. Во случај на сомневање за измама, веднаш контактирајте ја вашата банка и пријавете го случајот во Министерството за внатрешни работи, предупредуваат од МВР.

Белата куќа бара од ЕУ да ја усогласи емисијата на метан при увоз на ЛНГ со онаа во САД

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден побара од Европската унија автоматски да ги усогласи своите стандарди за емисија на метан за увоз на течен природен гас (LNG) со американските регулативи.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден побара од Европската унија автоматски да ги усогласи своите стандарди за емисија на метан за увоз на течен природен гас (LNG) со американските регулативи за да се обезбеди непречен увоз од Соединетите држави, се вели во писмото што го видел Ројтерс.

Агенцијата вели дека поврзувањето на американските и европските стандарди за метан ќе ја заштити нивната растечка трговија со течен природен гас.

- Разбираме дека овој процес ќе потрае некое време. Сепак, сакаме да започнеме разговори што е можно поскоро и да обезбедиме континуирани, сигурни и стабилни испораки на природен гас од Соединетите Американски Држави во Европа - напишаа американските власти во писмото од 28 октомври, само неколку дена пред Доналд Трамп да победи на изборите во САД.

Земјите од Европската унија во мај одобрија закон со кој се наметнуваат ограничувања на емисијата на метан за увоз на нафта и гас во Европа почнувајќи од 2030 година, со што се врши притисок врз меѓународните добавувачи постепено да се усогласат со новите стандарди.

Администрацијата на Бајден донесе свои правила за емисиите на метан кон крајот на минатата година, но постои можност Доналд Трамп да ги смени или суспендира за да ги намали трошоците на американската енергетска индустрија.

Метанот, главната компонента на течниот природен гас, значително придонесува за штетното влијание врз климата, а повеќе од 150 земји во светот се обврзаа да ги намалат своите емисии на метан за 30 проценти во оваа деценија како дел од борбата против климатските промени.

Бредли Купер и Џиџи Хадид се прошетаа низ Њујорк, сите коментираат како се облечени (ФОТО)

Бредли Купер и Џиџи Хадид прошетаа по улиците на Њујорк и привлекоа внимание со координираните модни избори.

Актерот и режисер облекол црвена маица и сини спортски панталони, а со тоа искомбинирал сини тениски патики и бела јакна, која ја носеше во рацете.

Од друга страна, Хадид носеше бела маичка со принт, а преку грбот врза елек во боја на маицата на Купер. Аутфитот го комплетира со капа, златен накит и очила за сонце.

Извор близок до парот изјавил дека тие уживаат во нивната врска. „И двајцата се зафатени, но успеваат да поминат време заедно и да уживаат еден во друг. Не бевме сигурни дека тоа ќе се претвори во нешто сериозно, но очигледно е дека добро се забавуваат заедно“, откри тој за People.

Неодамна Бредли и Џиџи уживаа на средба на Бродвеј, но фотографијата од парот објавена на Инстаграм збуни многумина. Двојката присуствувале на изведбата на мјузиклот Чикаго на 9 ноември за да ја поддржи Алиса Милано, која ја презеде улогата на Рокси Харт во театарот Амбасадор. Алиса објави фотографии со нејзините пријатели по завршувањето на шоуто за да им се заблагодари за поддршката.

"Бредли, Џиџи, Ерин, Мишел - и многу други со кои немам слики. Ви благодарам на сите што дојдовте да ме видите во мјузиклот Чикаго. И ви благодарам на сите што ме чекавте на студот на вратата на сцената. Срцето ми е полно“, напишала таа.

Првата од неколкуте фотографии во серијата беше на која Алиса позира со Бредли и Џиџи. Нејзините следбеници забележале дека Бредли и Џиџи изгледаат поинаку од вообичаено.

„Премногу Facetune“, „Amazing Facetune“, „Па Бредли е непрепознатлив на оваа фотографија“, „Најлошиот фотошоп досега“, беа коментарите под фотографијата.

Џиџи и Купер не сакаат да зборуваат за нивната врска. Се сомнева дека тие се во врска од минатиот октомври, кога првпат биле видени заедно. Тие толку многу сакале да ја држат својата романса подалеку од јавноста што своевремено биле во куќа на Род Ајленд во сопственост на нивната пријателка, пејачката Тејлор Свифт.

Сепак, на неодамнешната ревија на Викторија Сикрет, манекенката ја потврди врската. Џиџи изјави за Entertainment Tonight дека Бредли не дошол да го гледа шоуто. "Бредли гледа од дома, се грижи за децата, но многу ме поддржува. Имам пријатели кои доаѓаат на шоуто, многу пријатели", рекла Џиџи и со тоа ја потврдила врската со актерот.

Жена се породила среде аеродром во Мајами, тебало да отпатува (ВИДЕО)

Необична сцена е снимена на меѓународниот аеродром во Мајами.

На неименувана патничка ѝ пукнал водењакот, па родила среде терминалот за поаѓање.

Надлежните служби биле повикани да интервенираат, околу 17:00 часот, а кога дошле лекарите, на жената веќе ѝ помогнале припадници на царината, полицијата и обезбедувањето.

По некое време жената родила машко дете. На објавената снимка ја гледаме како лежи и во раце држи бебе, завиткано во ќебе.

Таа и детето биле пренесени во блиската болница, но други детали не се соопштени за да се заштити нејзиниот идентитет, пишува Њујорк пост.

притисни ентер