Мукаетов официјално избран за претседател на РФМ

Живко Мукаетов првиот човек на Алкалоид од денеска и официјално со акламација е избран за претседател на Ракометната Федерација на Македонија.



Живко Мукаетов првиот човек на Алкалоид од денеска и официјално со акламација е избран за претседател на Ракометната Федерација на Македонија.
За Живко Мукаетов на денешното изборно собрание за претседател на РФМ гласаа сите (41) присутни делегати.
Мукаетов на функцијата прв човек на македонскиот ракомет ќе го замени досегашниот претседател Михајло Михајловски кој на денешното собрание ја доби наградата „почесен претседател на РФМ.

За својот наследник досегашниот претседател Михајловски изјави: „Живко Мукаетов е докажан стопанственик, докажан вљубеник во спортот. Тој има многу контакти што ќе ги искористи за доброто на спортот, а со самиот аплауз е јасно дека го правиме вистинскиот избор“.
Во своето прво обраќање пред делегатите како прв човек на ракометната федерација Живко Мукаетов истакна:

„Сакам да истакнам дека во овој проект влегувам со голем ентузијазам, како огромен љубител на спортот, темелен стратег и се надевам, добар визионер. Поседуваме солидна база, квалитет, што ќе треба само добро да се моделира. Ќе работам на тоа македонскиот ракомет во иднина да функционира на поинаков начин отколку досега, дисциплина и напорна работа се,ќе бидат главните квалитети во мојата работа.
Ќе ја поправам и организациска структура и ќе барам точно дефинирани одговорности, со овие промени верувам дека на долг рок ќе не донесат до посакуваните резултати. Ќе настојувам ракометот повторно да заживее и во помалите градови.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер