Му помагал на синот да ја заврши домашната задача, за малку ќе умрел

Мажот, чие презиме е Женг, за малку ќе умрел додека му помагал на синот да си ја заврши домашната задача, како дел од подготовките за приемниот испит.

Драмата се одвивала во кинеската провинција Жеџијанг и предизвикала дискусија за „академскиот притисок“ што го чувствуваат учениците и нивните родители, пишува South China Morning Post.

Тинејџерот се подготвувал за приемни испити во средно училиште, а татко му често го надгледувал. Локалните медиуми јавуваат дека „врската им била затегната“, бидејќи синот „почувствувал притисок“.

Човекот, на околу 40 години, одеднаш не можел да дише и почувствувал болка во градите. Бил однесен во болница, каде му бил констатиран акутен миокарден инфаркт.

Извршена е итна операција и поставен бајпас, а лекарите сметаат дека инфарктот е последица на прерана коронарна болест, која често се влошува со емоционален стрес.

Женг се опоравил, а на локалните социјални мрежи се споменуваат случаи кога родителите имале здравствени проблеми за време на школските подготовки на нивните деца.

19 жени кои го победиле ракот, вечерва ги облекоа фустаните на Елена Лука

19 жени кои го победиле ракот, вечерва ги облекоа фустаните на Елена Лука на специјална модна ревија.

Под мотото „Во чест на храброста, духот и вистинската убавина на жената која го победи ракот“ во Младинскиот културен центар се одржа „Ексклузивна модна ревија", на Елена Лука на која модели беа инспиративни жени кои ја добиле битката со карциномот.

Модната ревија која се реализира во соработка со здружението ХЕМА-ОНКО и Словачката амбасада во Скопје е вистинска прослава на животот, храброста и убавината на жените кои се соочиле со еден од најтешките животни предизвици.

Елена Лука е ко-организатор на оваа модна ревија на која моделите не се само презентери на свечени тоалети, туку хероини кои покажуваат дека и во најтешките моменти може да се пронајде сила. На оваа уникатна ревија беа прикажани повеќе свечени тоалети од елена лука, секоја креирана со посебна љубов и посветеност.

Џеј Ло за развод од Бен Афлек: Ништо не е случајно, се се случува со причина

Мегапопуларна пејачка и актерка Џенифер Лопез за британскиот Вог раскажа како ги надминала тешкотиите по разводот со Бен Афлек.

Актерката зборуваше за магазинот по повод претставувањето на нејзиниот нов филм „Unstoppable“, кој го продуцираше нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек.

„Размислував така да некои работи не ми се случуваат мене, туку се случуваат за мене, и се обидувам да сфатам која е лекцијата што треба да се научи во овој момент“, рече таа, додавајќи: „Кога размислувам за такви работи и останувам во еден вид попозитивен начин на размислување за тоа, полесно е да се прифати како лекција за тоа што е“.

Таа истакна дека секогаш размислува што треба да научи од животните ситуации кои и се случуваат и напомена дека не верува во случајности. „Ништо не се случува случајно. Сè се случува со причина“, додаде таа.

„Секогаш се прашувам што можам да научам и како да излезам на другата страна подобра, посилна, пообразована и некако да пораснам од таа точка“, заклучи таа на крајот.

Инаку, Лопез и Афлек се венчаа повеќе од 20 години откако се запознаа на снимањето на комедијата Џигли. Двојката првпат се вери во ноември 2002 година. Неколку дена пред да се венчаат во септември 2003 година, тие ја откажаа венчавката наведувајќи го „прекумерното медиумско внимание“. Во јануари 2004 година тие официјално раскинаа, но 16 години подоцна и дадоа уште една шанса на својата љубов, која не траеше долго.

Форд со нов „SUV“модел, како конкуренција на „Dacia Duster“

Новиот SUV на  автомобилскиот гигант Ford, кој ќе биде претставен во 2025 година, во Европа ќе се натпреварува со моделот „Dacia Duster“.

Станува збор за целосно нов модел кој треба да биде достапен, а кој е позициониран како наследник на сега веќе непостоечкиот Ford EcoSport.

Со новиот СУВ , од Форд планираат да влезат во конкуренција на пазарот на автомобили како конкурентни на зголемениот број на кинески евтини автомобили, но и на европските производители кои ја имаат истата цел.

Новата надеж на Ford за Европа, според тоа, ќе биде теренец кој ќе има мотор со внатрешно согорување, а токму овој модел треба да се натпреварува за европскиот трон, каде во моментов владеат брендови како Dacia, VW и Škoda.

„Процурените информации“ ги открија плановите на Ford наскоро да претстави наследник на моделот EcoSport кој за жал го заврши своето и онака кратко патување - овој нов SUV исто така ќе биде позициониран во сегментот B-SUV и ќе се произведува во Шпанија.

Според протечените документи, овој модел ќе има SUS мотори и ниска цена, а тешко дека ќе пристигне неговиот целосно електричен пандан, бидејќи чистокрвните стримери од семејството Форд се произведени во Германија и Романија.

притисни ентер