MТСП: Собранието ги изгласа законските измени, над 320 илајди пензионери ќе добијат за 700 денари повисока јануарска пензија

Секој пензионер во Македонија од идниот месец ќе добие за 700 денари повисока јануарска пензија, соопшти Мнистерствтото за труд и социјална политика. 

Покачувањето е предвидено со измените на законот за пензиско и инвалидско осигурувања коишто денеска ги изгласа Собранието, а со кои се опфатени над 320 илјади пензионери.

Зголемувањето од 700 денари ќе влезе во основицата на пензијата, а до крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Дополнителното трето покачување од 700 денари се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и во услови кога имаме кога раст на економијата и раст на минималната плата за 15 % и за 5 проценти на просечната плата во тековната година. Со ова Владата покажа дека не прави ад хок зголемувања на пензиите пред избори, туку врз основа на законска рамка.

Покачувањето се прави откако по само една година од спроведувањето на пензиската реформа пензискиот систем е стабилизиран, дефицитот во Фондот за ПИО е намален за 3 милијарди денари, а приходите се зголемени за 10%. Со престојното покачување и дополнителното усогласување согласно трошоците на живот просечната пензија во 2020 година ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија е зголемена за вкупно 1.746 денари. Просечната пензија со последното покачување годинава во септември изнесуваше 14.598 денари, а во 2016 година 13.754 денари, соопшти МТСП.

Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани

Триесет и деветгодишен маж загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани. Жената и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница.

Пријавата во СВР-Штип е во 02:24 часот, изјави за МИА Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.

Несреќата се случила во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, во несреќата учествувало само едно возило. Автомобил марка рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички излетало од коловозот, а од здобиените повреди починал возачот И.М од Скопје.

Увидот во несреќата е во тек. Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани се одвива по двете коловозни ленти.

На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки, животите ги загубија пет лица.

Прелиминарни резултати: Гласачите во Панама го избраа Мулино за нов претседател

Гласачите во Панама го избраа Хозе Раул Мулино за претседател, според прелиминарните резултати објавени доцна синоќа.

Мулино, кој е близок човек од доверба на поранешниот шеф на државата Рикардо Мартинели, сака да ја запре нерегуларната миграција низ џунглата Дариен на југот на централноамериканската земја кон САД.

Мулино освои околу 35 отсто од гласовите, соопшти изборната власт на земјата откако беа преброени повеќе од 90 отсто од гласовите.

Околу 3 милиони луѓе имаа право да гласаат на изборите, при што беа одржани гласања за вкупно 71 парламентарно место и речиси 800 локални канцеларии.

Уставот на Панама забранува директен реизбор на актуелниот претседател, пренесува ДПА.

Меѓу осумте претседателски кандидати беа Хозе Габриел Каризо од владејачката партија ПРД, поранешниот претседател Мартин Торијос, поранешниот конзул во Вашингтон, Рикардо Ломбана и поранешниот министер за Панамскиот канал, Ромуло Ру.

Мулино (64) ќе ја преземе функцијата шеф на државата и премиер на 1 јули.

Баерн почна преговори со Тен Хаг

 Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг може да ја продолжи кариерата во Баерн, објави на социјалните мрежи новинарот Флоријан Плетенберг.

Според Плетенбург, во последните недели се воделе преговори меѓу клубот и застапници на холандскиот фудбалски стручњак.

Иднината на тренерот во Манчестер јунајтед сè уште не е одредена. Тен Хег би сакал да го одработи договорот до 2025 година. Но, доколку мора да ја напушти функцијата на крајот од сезоната, тој е подготвен да го води Баерн.

Претходно беше објавено дека сегашниот тренер на Баварците, Томас Тухел планира да го напушти Баерн. Сепак, на 4 мај во медиумите се појави информација според која Германецот би можел да остане во германскиот клуб.

Баерн не ја одбрани титулата во Бундеслигата, додека по 34 кола во Премиер лигата, Манчестер јунајтед е на 6. место.

притисни ентер