Може ли црвениот кромид да помогне во борбата со холестеролот?

 Нови научни докази дека е многу здрав!  

Овој зеленчук влијае на воспалителните процеси во телото.

Крвната слика е показател за нашето здравје, а покачено ниво на холестерол во крвта влијае на целокупно здравје, како и на потенцијалниот ризик од одредени болести. Тоа е поврзано и со ризикот од срцеви заболувања, поради што пациентите кои страдаат од срцеви заболувања мора да ја приспособат исхраната и да внимаваат на одредени намирници за да избегнат потенцијални здравствени ризици. И додека одредени намирници по препорака на лекарот треба да се избегнуваат, други помагаат во намалувањето на лошиот холестерол.

Една студија објавена во списанието „Royal Society od Chemistry, Food and Function“, препорачува да се консумира црвен кромид.

Група кинески истражувачи ги тестирале ефектите на овој моќен зеленчук врз хрчаци за да ги испитаат неговите здравствени придобивки.

Тие дошле до сознание дека нивото на лошиот холестерол се намалило во споредба со другата група животни која не добивала екстракт од кромид. Нивото на холестерол кај хрчаците кои го внесувале екстрактот се намалило за 11,2% до 20,3%, во четвртата и осмата недела.

Иако биле забележани пониски нивоа на холестеролот кај групата хрчаци која добивала екстракт од црвен кромид, потребни се дополнителни студии за да се докаже неговиот ефект кај луѓето, се вели во извештајот.

Многу истражувања покажале дека и дијабетичарите можат да имаат корист од кромидот. Кромидот содржи малку јаглехидрати и е одличен за целокупното здравје на срцето. Внесувањето на овој зеленчук во исхраната исто така може да го подобри варењето. Црвениот кромид, па дури и обичниот кромид, има значајна улога и при потенцијалните бактериски закани бидејќи има антибактериски својства.

Речиси секогаш е неизоставен дел во салатите бидејќи им дава посебен шмек, додека многумина го користат свеж и во сендвичи.

Холестеролот е восочна супстанца која се наоѓа во храната од животинско потекло, како и во нашите клетки. Се собира на ѕидовите на артериите и доведува до нивно стеснување. Тоа значи дека кислородот и крвта не можат слободно да се движат во тесните артерии, што доведува не само до проблеми со срцето, туку и до здравствени проблеми со другите органи. Лошиот холестерол има потенцијал целосно да ги блокира артериите и ако не се контролира може да доведе до срцев удар.

Нивото на холестерол може да се одржува на нормално ниво преку исхраната и здравиот начин на живот. Лекарите често истакнуваат дека консумирањето повеќе зеленчук го намалува лошиот холестерол и со тоа го зачувува здравјето на срцето, пишува „Тајмс оф Индија“.

Извор: srecna.republika.rs

Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место

Францускиот бизнисмен Бернар Арно, кој има контролен пакет акции во холдингот „LVMH“, водечки светски производител на луксузна облека, е на првото место на ранг листата на најбогати луѓе во светот.

Според објавената листа на милијардери на Блумберг, богатството на Арно изнесува 215 милијарди долари и од почетокот на годината е зголемено за седум милијарди долари.

На второ место е основачот и поранешен извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, чие богатство се проценува на 198 милијарди долари.

Основачот на „Тесла“ и „Спејс Икс“, Илон Маск е на трето место со 194 милијарди долари.

Меѓу десетте најбогати луѓе во светот се и основачот на „Мета“ платформата Марк Цукерберг (153 милијарди долари), основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс (149 милијарди долари), коосновачите на „Гугл“ и „Алфабет“, Лери Пејџ (146 милијарди долари) и Сергеј Брин (138 милијарди долари), поранешен генерал. По нив следат директорот на „Мајкрософт“, Стив Балмер (130 милијарди долари), американскиот инвеститор и филантроп Ворен Бафет (132 милијарди долари) и основачот и претседател на корпорацијата „Оракл“, Лери Елисон (129 милијарди долари).

Модриќ и Начо се изедначија со Бензема и Марсело по бројот на трофеите со Реал Мадрид

 Лука Модриќ и Начо се изедначија за најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид со клупските легенди Карим Бензема и Марсело. Хрватскиот играч за врска и шпанскиот дефанзивец синоќа го освоија 25-от триумф во Примера.

Даниел Карвахал веќе има 24 награди со тимот на „кралевите“, а тој, Модриќ и Начо имаат шанса да додадат уште еден вреден трофеј пред крајот на сезоната. Во среда на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ претстои полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите со Баерн Минхен, откако „белиот балет“ ремизираше 2:2 на првиот меч во Баварија. Друга славна личност во белиот дрес - Тони Крос - има 22 трофеи.

Самиот Модриќ уште еднаш испиша историја за Мадрид со тоа што стана најстариот играч за „Лос Бланкос“ во лигашки натпревар во победата од 3-0 над Кадиз со 38 години и 238 дена, со што го надмина претходниот рекорд на Ференц Пушкаш од 38 години и 233 дена.

На социјалните мрежи кружи уште еден љубопитен факт за хрватската легенда на Реал - на 27 години го напушти Тотенхем со 0 трофеи во колекцијата, додека сега, 12 години подоцна, веќе има 25 со Мадрид.

Мицкоски: Христовото Воскресение е многу значаен ден, да се обединиме, да се сплотиме..

Христовото Воскресение е многу значаен ден, да се обединиме, да се сплотиме како народ и како нација.

Ќе ми дозволите да го честитам на сите православни христијани овој голем ден, значаен дел, Христовото Воскресение. И да им посакам хармонија, спокој, ним и на нивните семејства.

Истото сакам да го посакам на сите граѓани во Македонија, насекаде во светот без разлика на верската припадност.

За нас православните христијани Христовото Воскресение е многу значаен ден и во име на тоа дозволете денеска да уживаме во мирот, во спокојот.

И да се обединиме, да се сплотиме бидејќи како народ и како нација тоа ни е потребно во деновите, месеците, и годините кои што следат.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер