Мост без почеток и крај – бизарна градба во соседството (ВИДЕО)

Жителите на Доња Крајинца во близина на Лесковац веќе 15 години на бетонскиот мост се искачуваат со дрвени скали.

Мостот требало да служи за да ја преминат Јужна Морава , но со години се качуваат на седум метри високата градба со помош на дрвена скала . Мостот не почнува никаде и никаде не завршува.

Жителите го преминуваат мостот за да стигнат до своите имоти во близина на границата со Македонија, од кои се отсечени по изградбата на новиот автопат и единствен анчин за премин преку реката им е чудниот недовршен мост.

Велат дека мора да се снаоѓаат и се што им треба за обработување на земјата го пренесуваат со јажиња и кошници закачени за мостот. Оние кои имале добиток , се откажале од земјата преку реката .

Од општината им рекле деками годинава не е предвидено мостот да се поврзе со пат , бидејќи во буџетот не биле планирани средства .

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер