Монструмот од Нов Зеланд бил инспириран од нова доктрина

Пред да го почне својот крвав поход во двете џамии на Нов Зеланд, Австралиецот Брентон Тарант , објавил документ под наслов ,,Големата замена”.

Првата реченица во овој манифест гласи ,,Станува збор за стапката на натолитет.” Оваа реченица ја повторил три пати. Според Њујорк Тајмс истата реченица била слоган на американските ултрадесничари при нападот во Шарлотсвил во 2017.

Групата ,,Идентити Европа” била основана во март 2016. Главна идеја на овие десничари е теоријата на замена , со која се тврди дека белите жени не раѓаат доволно деца , па затоа другите раси ќе ја заменат белата раса.

Американските експерти за вакви групи предупредуваат дека тие многу бргу се шират меѓу младите од белата раса , а особено меѓу младите радикали. Според професорката Паола Бакета од универзитетот во Калифорнија, емоцијатаз а загрозенот се врти околу прашањето за плодност.

,,Станува збор за анксиозност кон другите мажи. Се плашат дека тие ќе се размножат и ќе ги елиминираат.” , вели професорката , која е член на советот на Центарот за студии на десницата.

Чави по поразот од Жирона: Можеби ни недостасува зрелост

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез даде свое мислење по вчерашниот натпревар против Жирона. Барса го загуби каталонското дерби со 2-4 и на тој начин Реал Мадрид ја обезбеди титулата во Ла Лига на четири кола до крајот.

-Ја загубивме контролата врз играта поради огромните грешки, кои се неприфатливи на ова ниво. Вакви работи се случуваат цела сезона и не чинат вредни бодови. Можевме да победиме, но грешките што ги направивме се покажаа како одлучувачки. Ни недостигаше ефикасност и во нападот, а тешко е да се добиваат такви натпревари. Мораме да промениме многу работи за да се бориме за титулата следната сезона. Можеби ни недостига зрелост. Повеќето од нашите играчи се доста млади. Ќе ги донесеме вистинските заклучоци и ќе ги исправиме нашите слабости, нагласи Чави по мечот.

Тој му честиташе на Реал Мадрид за титулата.

-Собраа најмногу бодови и затоа се шампиони, додаде тренерот на Барселона.

Унгарија е подготвена за претседавање со ЕУ, тврди унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, изјави денеска унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања, Пал Барна Жигмонд.

Во објава на Фејсбук, тој истакна дека во сегашното политичко и економско опкружување, претседавањето со ЕУ ќе биде „возбудлив предизвик“, пренесува МТИ.

Жигмонд го цитираше претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој вели дека е уверен и полн со надеж во врска со унгарското претседателство и истакна дека моментално премиерот Виктор Орбан е единствениот шеф на Влада во ЕУ кој ќе раководи со ротирачкото претседателство по втор пат.

Возач загинал откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа

 Возач загина синоќа откако со неговото возило удри во надворешната капија на Белата куќа, а случајот се истражува како сообраќајна несреќа и немало закана за резиденцијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, соопштија властите.

Возачот бил пронајден мртов во возилото кое удрило во надворешната капија на Белата куќа, соопшти американската тајна служба.

Полициската управа на Вашингтон соопшти дека возилото удрило во безбедносната бариера на раскрсницата на улицата 15 и авенијата Пенсилванија.

притисни ентер