Моника Белучи (52): Femme fatale!!!

Ненадмината во својата елеганција и убавина. Фатална жена! Моника Белучи, во својата 52 година од животот, предизвикува восхит!

Познатата актерка блесна во огнено црвен фустан на Валентино на затворањето на филмскиот фестивал во Пекинг. Фустанот го потенцираше нејзиното деколте, а долгите ракави од муслин и должината на креацијата делуваа навистина романтично. И кога тоа ќе го носи Моника Белучи - добивате елеганција и стил на највисоко можно ниво!

Убавата Белучи останува една од најубавите жени на светот!

Image result for monicabellucciofficiel red

Моника Белучи е жена на која годините не и одземаат од магнетниот шарм и привлечноста. Напротив, ги продлабочуваат. Таа самата верува во тоа - дека убавината расте со себезапознавањето.Оваа убавица вели дека никогаш не би се вратила на 20 годишна возраст. Таа во една прилика изјави:

„Своето прво дете го родив на 40 години, второто на 45, снимав со Бонд на 50 години и никогаш не би сакала повторно да имам 20 години. Во младоста имате ‘beauté du diable’ (ѓаволска убавина), како што велат Французите, убавина која не ја сфаќате, која не сте ја спознале. Но, кога ќе имате 50 години, во вас се раѓа убавина од друг вид, убавина која ви дава сила. Таа сила не е врзана за надворешната убавина!“

Убавицата е свесна дека „убавината е поинтересна кога е покриена со облека“.

Белучи ги советува младите девојки да го прифатат својот изглед и своето тело, да се прифатат какви што се и само тогаш ќе блесне нивната убавина.

И уште еден цитат од Моника Белучи, кој е голема вистина:

„Една жена може да сака на тој начин како никогаш да нема да ве напушти. Но, може да дојде таков ден кога ќе замине толку лесно како никогаш да не ве сакала.“


Image result for monicabellucciofficiel red



А како Моника Белучи која денеска, на 52 години, е прекрасна, изгледаше пред неколку децении? Речиси „неподносливо“! Ова е таа „ѓаволска убавина“ за која зборува Моника Белучи....



Image result for моника белучи 2017



Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер