Момчиња откриле темна соба на гробишта- тоа што го снимиле внатре ги преплашило (ВИДЕО)

На платформата Икс кружи вознемирувачко видео од двајца млади момчиња, кои решиле да се прикрадат во гробишта и да ги истражат неговите простории.

Не е можно да се потврди неговата автентичност, додека на интернет кружат различни информации каде е снимено. Некои го спомнуваат Еквадор, додека други го споменуваат Перу.

На почетокот гледаме млади мажи како се движат меѓу надгробните споменици и стигнуваат до темна просторија. Внатре има куп пластични кеси, а се чини дека авторите на видеото се двоумат дали да влезат внатре.

Следниве снимки потсетуваат на хорор филмови, бидејќи штрчат остатоци од најмалку една црна пластична кеса, пренесува Lakalle Blu Radio.

Видеото предизвика мешани реакции кај гледачите. Додека едни ги осудуваат младите луѓе за „снимање на гробишта“, други прашуваат дали властите знаат „што се случува со телата на починатите“.

Секако, сцената во темната соба оставила најголем впечаток кај корисниците, а тензијата ја зголемува фактот што не се знае идентитетот на младиот човек, како и локацијата на која снимале.

Само на X платформата, објавата „собра“ над 3,1 милиони прегледи.

Марота: Аталанта е еден од главните фаворити за Скудетото

Претседателот на Интер, Џузепе Марота го сподели своето мислење за кандидатите за триумф во италијанското фудбалско првенство во сезоната 2024/25.

- Денес сме речиси на крајот од првиот дел и фаворитите се секогаш исти. Има мала група на врвот составена од Аталанта, Интер и Наполи, но Милан и Јувентус се спремни да ги фатат, така што навистина сме во средна фаза. Од друга страна, мислам дека еден од главните фаворити годинава е Аталанта затоа што постигнаа зрелост, авторитет, убедување каков што досега немале. Мислам дека ова е одличен модел за следење, се разбира не за големите клубови бидејќи е тешко, но тие покажаа дека може да се победува без да се потрошат многу пари, изјави Марота за веб-страницата на Џанлука ди Марцио.

Првото место во Серија А по 17 кола го зазема Аталанта која освои 40 бода. На второ место е Наполи (38), трето е Интер (37).

Смарт таблети за учениците од СОСУ „Илинден“

 Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевскки додели 66 смарт таблети во СОСУ „Илинден“ по повод новогодишните и божиќните празници.

Како што соопшти Општина Илинден, Георгиевски истакнал дека оваа иницијатива е во согласност со неговите заложби и посветеност кон модернизацијата на образованието и обезбедување на најдобрите услови за учење и развој на учениците.

- Таблетите ќе бидат искористени за пристап до најновите едукативни апликации, дигитални учебници и други материјали кои ќе го направат учењето поинтересно и попријатно и ќе им помогнат на учениците да ги доразвијат своите дигитални вештини кои се клучни во ова време на дигитализација, посочил Георгиевски, додавајќи дека локалната самоуправа цели кон модерно и современо образование за сите млади.

Израел го повика ватиканскиот амбасадор на разговор по критиките на папата за нападите во Газа

Израел го повика ватиканскиот амбасадор во Тел Авив, нунциј Адолфо Ијана, во Министерството за надворешни работи откако папата Франциск ги осуди израелските напади во Газа како „суровост, а не војна“.

Папата изјави дека насилството над децата, уништувањето на училиштата и болниците претставува „голема суровост“.

Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ пренесува дека во Министерството бил повикан амбасадорот на Ватикан, на кој му било кажано дека Израел е разочаран од критиките на папата.

На 22 декември, папата повторно ја критикуваше ситуацијата, нагласувајќи дека „децата се бомбардирани“ и додаде дека тоа е напад кој го „допира срцето“.

Од почетокот на нападите на 7 октомври, загинаа над 45.000 Палестинци, од кои 17.492 деца и 11.979 жени. Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, обвинувајќи ги за воени злосторства.

притисни ентер