Модринките на четиримесечното доенче настанале од земање крв за анализа

 Модринките на четиримесечното доенче настанале од земање крв за анализа, нема дисциплинска постапка за медицинската сестра.

Директорот на Универзитетската клиника за детски болести, Реџеп Мемеди, денеска, во врска со наводите за повреда на четиримесечното доенче кое беше хоспитализирано во Клиниката, изјави дека немало никакви намери од страна на медицинската сестра за нанесување повреда, туку модринките на раката настале од земање венска крв за анализа, како и дека нема да се поведе дисциплинска постапка за медицинската сестра. Претходно, министерот за здравство Арбен Таравари, пак, изјави дека е покрената е дисциплинска постапка за две лица, од кои една е медицинска сестра.

– Немало апсолутно никаква намера на медицинската сестра за нанесување повреда, туку тие хематоми, односно модринки на десната рака настанале во текот на процедурата земање венска крв за анализи на ден 11 јули, која е реализирана од страна на две медицински сестри, при што едната сестра ја фиксира раката на детето, надлактица и подлактица, а другата сестра боцка во вена. Како последица на механичкиот притисок настанале хематомите на десната надлактица и подлактица, рече Мемеди.

Ова доаѓа по тврдењето на семејството дека медицинска сестра од Клиниката за детски болести насилно постапувала со бебето поради меѓуетничка нетрпеливост. Според Мемеди, причина за алармирање на случајот од страна на родителите е недоразбирањето меѓу дедото на детето и медицинската сестра кое се случило еден ден претходно. По негова иницијатива, во текот на вчерашниот ден се сретнале родителите на четиримесечното доенче и медицинската сестра, по што како што рече, си подале рака на помирување.

– Сметаме дека најрверојатно во основа причина за алармирање на случајот од страна на родителите е едно недоразбирање меѓу дедото на детето и медицинската сестра кое се случило претходно на ден 7 јули и губење на довербата на родителите кон медицинската сестра. Вчера е реализирана средба меѓу родителите на четиримесечното доенче и медицинската сестра. Родителите на детето се покажаа доблесни и медицинската сестра изрази спремност за да се согласат дека настанот е повеќе последица на погрешна комуникација и недоразбирање и си дадоа рака на помирување, рече Мемеди.

Во одговор на новинарско прашање, директорот негираше дека ќе се поведе дисциплинска постапка за медицинската сестра, нагласувајќи дека „расчистени се сите нејаснотии и тука немало никаква лоша намера од страна на сестрата, ниту од страна на родителите“.

Прашан зошто истата вечер не се консултирале со сестрата, Мемеди рече дека било викенд и потребно било да се формира комисија која ќе ги анализира сите информации и податоци во врска со случајот.

– Тоа беше викенд, требаше да се формира комисија, да се анализираат сите информации и податоци. Апсолутно немаше потреба од брзање. Секое брзање не е во интерес на вистината, рече Мемеди.

Министерот за здравство Арбен Таравари, пак, денеска на прес-конференција во одговор на новинарско прашање во врска со случајот рече дека покрената е дисциплинска постапка за две лица, од кои една е медицинска сестра. Таравари уверуваше дека посетата на семејството, без да се спроведе постапка и проверка, бил правилен.

Тајсон го откри името на човекот од кого му е страв: Проклетство, се плашам од тој тип...

Мајк Тајсон е познат како еден од најдобрите боксери на сите времиња, а рингот го сподели со бројни великани како Евандер Холифилд и Ленокс Луис.

Сепак, Тајсон го спомна името на човекот од кого се плаши и доста ја изненади публиката.

„Железниот Мајк“ изјавил дека се плаши од поранешниот „ловец“ Мик Фоли. Имаше искуство во WWE организацијата, а гледал и некои борби, а посебно се сеќава на онаа меѓу Фоли и Андертејкер.

Гробарот го фрлил од кафезот висок пет метри, по што тој паднал на грб на масата на репортерката и ја скршил. Тој продолжил да се бори, повторно се качил на кафезот, а по уште едно фрлање од Андертејкер, ја проби горната ограда на кафезот и повторно падна на грб. Фоли таа вечер заврши со скршени ребра, внатрешно крварење, изместена вилица и изместено рамо.

- По ѓаволите, се плашам од тој тип... Тој ја доживува смртта секој ден од својот живот. Скока на секакви го*на, налетува на камиони и коли, и сепак е нормален. Ја скрши секоја коска во телото, и тој е нормален тип. Само не знам зошто толку многу не се сака себеси, го избра потешкиот начин да заработи - изјави Мајк Тајсон во гостувањето во подкастот Impaulsive.

Вучиќ: Со шефот на ЦИА имав корисни и важни разговори за иднината на државата

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград изјави дека имал многу корисни и добри разговори со шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Брнс .

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград изјави дека имал многу корисни и добри разговори со шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Брнс и дека им се смее на оние кои коментираат дека посетата на Србија била тајна, а транспарентна во БиХ.

„Знаете, разговарате со гостите и гледате дали тоа и се допаѓа на јавноста или не... Ние како сериозна земја мислевме дека тоа е најдобриот можен начин, а Американците како најсериозна земја во светот заедно со Кина, сметаше дека тоа е најдобриот можен начин за следење на посетата“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека темите се важни за иднината на регионот и Србија, како и дека имале пристојна и важна средба, пренесе Бета.

Бајден му вети на Зеленски нов пакет воена помош, вреден 125 милиони долари

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и најавил нов пакет воена помош во пресрет на Денот на независноста на Украина, соопшти Белата куќа.

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин, кој разговарал и со неговиот украински колега Рустем Умеров, на социјалните мрежи објави дека пакетот е вреден 125 милиони долари.

Во разговорот со Зеленски, Бајден ја потврдил „непоколебливата“ поддршка на Вашингтон за Украина во војната со Русија. Пакетот помош вклучува противвоздушни ракети, противдрон опрема, противоклопни ракети и муниција, се вели во соопштението на Белата куќа.

Повиците дојдоа во пресрет на Денот на независноста на Украина.

„На Украина критично ѝ треба снабдување со оружје од најавените пакети, особено дополнителни системи за воздушна одбрана за сигурна заштита на градовите, заедниците и критичната инфраструктура“, рече Зеленски во изјавата објавена од неговата канцеларија.

По анексија на Крим од Украина во 2014 година, Русија започна сеопфатна инвазија на својот сосед во февруари 2022 година. Оттогаш САД обезбедија воена и хуманитарна помош за Украина, а исто така воведоа санкции кон Москва поради инвазијата.

Вашингтон обезбеди повеќе од 50 милијарди долари воена помош за Украина од 2022 година.

притисни ентер