Славниот дизајнер организира забава во Лос Анџелес на која дојдоа сите најубави жени од Холивуд , како Кејт Хадсон, Софија Вергара, Оливија Мун...
Иако пред само еден месец ја роди ќеркичката Рани , актерката Кејт Хадсон беше во топ форма на свечената вечера која синоќа ја организираше Мајкл Корс.
Не недостасуваа ниту славни актери , како што е Курт Расел , кој се дружеше со Кејт. Во црно одело се појави и Софија Вергара , која носеше чевли и ташна со зебра модел.
И Алесандра Амбросио беше гостинка на забавата . Славната манекенка за прв пат по 17 години годинава не учествува на ревијата на Викторијас Сикрет.
Папараците не се одвоија ниту од актерката Оливија Мун , која беше облечена во широки пантолони и сребрена блуза во облик на градник. Меѓу одбраното холивудско друштво беа и актерката и режисерка , Камила Бел , дизајнерката Рејчел Зое , манекенката Нина Добрев , како и актерките Лори Лафлин и Рејчел Билсон.