Многумина не можат да ја решат: Која порака се крие зад овие симболи? (фото)

Од моментот кога се појави на социјалните мрежи оваа оптичка илузија многумина не можат да ја решат.

Дали преку своите смартфонови или компјутерите многумина не можат да ја разберат пораката која се крие зад мрежата од симболи.

Всушност станува збор за една многу позитивна и убава порака која ќе ја дознаете доколку својот мобилен телефон го навалите и во екранот гледате од правецот на полначот (одоздола).

Мала помош: затворете го едното око а доколку екранот ви е добро позициониран ќе можете да ја дешифрирате и од вашиот компјутер.

Дали успеавте?



Шолц, Макрон и Мелони со писмо до Курти: Предлогот на Лајчак е солиден модел за ЗСО

Приштинските медиуми јавуваат дека европската тројка лидери порачуваат дека постои ризик Косово да не ја добие потребната поддршка за членство во Советот на Европа, доколку не започне со формирање на заедниците.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони во писмо до премиерот Албин Курти потврдија дека предлогот на претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, за формирање Заедница на српски општини претставува „цврст модел, внимателно дизајниран со помош на европски правници и експерти, заснован на постојната најдобра практика во Европа“.

Приштинските медиуми јавуваат дека европската тројка лидери порачуваат дека постои ризик Косово да не ја добие потребната поддршка за членство во Советот на Европа, доколку не започне со формирање на заедниците.

„За жал, чекорите што ги предлагате не се однесуваат на итната потреба од решителни чекори кон формирањето на заедницата и ризикуваат дополнително да го поткопаат дијалогот што го води ЕУ.Се вели во писмото кое било испратено еден ден пред писмото на косовската владата да биде упатено до претседателот на парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, во кое се наведува дека владата подготвува нацрт на статутот на Заедницата на српски општини, што ќе биде испратен до Уставниот суд на Косово до крајот на мај.

Саборот ќе гласа за новата хрватска влада

Хрватскиот Сабор денеска ја избира новата влада на мандатарот Андреј Пленковиќ, која ќе брои 18 членови, меѓу кои и тројца министри од Движењето Татковина.

Владата во Парламентот ќе ја претстави Пленковиќ, кому ова му е трет мандат по ред на чело на извршната власт.

Покрај членовите на Владата од Движењето Татковина, од кои дел се поранешни членови на ХДЗ, извршната власт останува непроменета кога станува збор за личности.

Во Програмата на новата влада од 2024 до 2028 година се истакнати пет приоритети - успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска.

„Гответе со Дракче“ - Солени вафли

Во четврток  (15.05.2024) во емисијата гостин ни беше Катерина Брезева.

Состојки за денешниот рецепт:

2 јајца

200 гр. пченкарно брашно

50 мл. маслиново масло

100 гр. спанаќ

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер