Младите во ЕУ го напуштаат домот на родителите на 26,3 години просечно

Според податоците на „Евростат" за 2023 година, младите во Европската Унија го напуштаат домот на своите родители на возраст, во просек - од 26,3 години. Просечната возраст се разликува меѓу државите-членки поединечно.

Највисока просечна возраст е забележана во Хрватска. Во оваа балканска земја младите во просек остануваат со своите родители до 31,8 години. По Хрватска, висока просечна возраст е забележана и во Словачка (31 година), Грција (30,6), Шпанија (30,4), Италија (30), Бугарија (30).

Од друга страна, во Северна Европа, младите многу порано го напуштаат домот на своите родители, статистички - под 23 години. Тука спаѓаат Финска (21,4 години), Данска (21,8), Шведска (21,8) и Естонија (22,8).

По нив следат Холандија, Франција и Германија, каде што просекот е меѓу 23 и 24 години. /МИА

Дрвата за греење и сообраќајот најголеми загадувачи на воздухот во урбаните средини

Министерот за животна средина Изет Меџити смета дека трајно решение за проблемот  со аерозагадувањето во земјава е гасификацијата како и во набавката на нови еколошки автобуси.

Воздухот во Струмица, Струга, Куманово, Кавадарци и Гостивар е постојано загаден, летно време за тоа придонесува сообраќајот и минералната прашина, додека во зимските најголем причинител за екстремно аерозагадување е согорувањето дрва но и отпадни материи во релативно неефикасните и стари печки во текот на зимските месеци, како начин за затоплување на домовите.

Ова го покажува едногодишниот мониторинг и анализа на повеќе од 1000 примероци во сите пет општини.

Професорот Марковски нагласи дека вакво истражување било направено и за Скопје, не не е сигурен дали добиените податоци се преточени во мерки за справување со проблемот.

Министерот за животна средина Изет Меџити смета дека трајно решение за проблемот со аерозагадувањето во земјава е гасификацијата како и во набавката на нови еколошки автобуси.

Неодамна министерот Меџити и директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, во пресрет на новата грејна сезона најавија контрола на издадените еколошки дозволи на производните капацитети ширум земјава.

Кремљ го обвини НАТО за подгревање на тензиите со годишните вежби за нуклеарно одвраќање

Кремљ го обвини НАТО дека ги подгрева тензиите околу војната во Украина со неговата годишна вежба за нуклеарно одвраќање, што почнаа денеска, пренесе ДПА.

-Во контекст на жестоката војна што се води во Украина, ваквите вежби само водат до натамошна ескалација на тензиите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за руските медиуми, додава германската агенција.

Во последните 2,5 години Русија постојано спроведува свои нуклеарни маневри и се заканува дека ќе употреби нуклеарно оружје доколку се преминат одредени црвени линии.

НАТО ја започна својата вежба „Steadfast“ денеска на пладне, што ќе трае во следните две недели и на која учествуваат околу 2.000 војници и офицери од осум воздушни бази.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна нареди промена на нуклеарната доктрина на земјата која ќе дозволи употреба на нуклеарно оружје дури и доколку Русија се почуствува загрозено од употребата на конвенционално оружје.

Овој потег има за цел да го одврати Западот да и дозволи на Украина да го користи испорачаното оружје со долг дострел за напади врз воени цели длабоко во Русија.

Песков рече дека Русија смета дека се неопходни преговори за намалување на потенцијалот за нуклеарно

-Меѓутоа, бидејќи нуклеарните сили САД, Велика Британија и Франција во моментов се вклучени во војната поради нивното снабдување со конвенционално оружје за Украина, тоа е невозможно, рече тој.

Во минатото, Путин предупредуваше на нова трка во нуклеарно вооружување и предложи разговори меѓу големите нуклеарни сили за нови иницијативи за разоружување, потсетува ДПА.

Мицкоски: Германија останува наш силен поддржувач

Премиерот Христијан Мицкоски ја претставува Македонија на состанокот на шефови на влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

Тој на маргините на состанокот имаше низа билатерални средби, вклучително и со германскиот канцелар Шолц.

-Германија останува наш силен поддржувач, наш сојузник и партнер во процесот на евроинтеграциите, изјави премиерот Христијан Мицкоски по низата билатерални средби.

притисни ентер