Млад фудбалер и неговата девојка се меѓу жртвите во Нови Сад: Почивајте во мир, ангели

Фудбалскиот клуб Потисје од Кничанин во Србија на Фејсбук објави дека нивниот играч Милош Милосављевиќ е еден од загинатите во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

До него била неговата девојка Анѓела Руман.

„Со голема тага и неопислива болка ја известуваме јавноста дека нашиот соиграч, пријател и брат Милош Милосављевиќ Киви (роден 2003 година) и неговата девојка Анѓела Руман (родена 2004 година) ги загубија животите во страшна несреќа во Нови Сад.

Почивајте во мир ангели, никогаш нема да бидете заборавени“, објавија на Фејсбук.

Прв пат во историјата на Нов Зеланд, полицајка загина на должност

Возач на автомобил нападнал полициска патрола во Нов Зеланд, со што првпат во историјата на земјата е убиена полицајка при вршење на должност.

32-годишниот осомничен е уапсен, а во инцидентот две лица се повредени, пишува АП.

Нападот ја потресе земја во која ретко се случуваат убиства на полицајци за време на својата должност. Постариот наредник Лин Флеминг стана првата полицајка во историјата на Нов Зеланд која умрела како жртва на кривично дело додека била на должност, соопшти денеска новозеландската полиција.

Во вчерашниот напад, возило со голема брзина удрило во полицајците додека тие вршеле рутинска патрола на паркинг, а потоа возачот извртел и удрил во полициското возило, изјави полицискиот комесар Ричард Чемберс за новинарите во градот Нелсон на Јужниот остров. Флеминг починала во локалната болница неколку часа подоцна.

Во инцидентот повредени се и двајца случајни минувачи.

Полицијата уапсила 32-годишен маж осомничен за повеќе кривични дела, вклучувајќи убиство и обид за убиство.

Пред средата, последното убиство на полицаец на должност во Нов Зеланд се случило во 2020 година, кога полицаец бил застрелан од возач кој удри и побегна. Според полициските записи, од 1890 година, 33 полицајци загинале како жртви на злосторства додека биле на должност.

Флеминг била полицаец 38 години и долгогодишен нетбол тренер во локалното женско училиште. „Таа беше мајка, сопруга и добро познат, високо почитуван член на заедницата на Нелсон“, рече Чемберс.

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2024. биле целосно електрични

Девет од десет нови автомобили продадени во Норвешка минатата година биле целосно електрични, покажаа податоците за регистрација, бидејќи земјата ја исполни својата цел да додаде само електрични автомобили на патиштата до 2025 година.

Целосно електричните возила учествувале со 88,9 отсто од продажбата на нови автомобили во 2024 година, според податоците на Норвешката федерација за патишта (OFV). „Ни требаат само уште 10 проценти за да ја достигнеме целта за 2025 година“, се вели во соопштението на ОФВ. Од 128.691 новорегистрирани автомобили минатата година, 114.400 биле електрични, што е најголем удел на кој било голем пазар на автомобили и повеќе од 82 проценти во 2023 година.

И покрај тоа што е главен производител на нафта и гас, Норвешка има за цел сите нови продадени автомобили да бидат со „нулта емисија“ почнувајќи од 2025 година, 10 години пред целта на Европската унија, чија членка не е Норвешка.

Во 2012 година, електричните автомобили сочинуваа само 2,8 отсто од продажбата, но оттогаш тие експлодираа благодарение на различните стимулации.

Тие добија ослободувања од повеќе даноци, што ги направи конкурентни наспроти високо оданочените автомобили со внатрешно согорување. Тие исто така се ослободени од патарина, имаат бесплатен паркинг на јавните паркинзи и можеле да ги користат лентите за јавен превоз.

Иако некои даночни олеснувања и стимулации биле постепено укинати со текот на годините, електричните автомобили станаа секојдневие. Tesla е водечка компанија за електрични автомобили во Норвешка со 19 проценти од пазарот, а потоа следат Volkswagen, Toyota, Volvo и BMW.

Вучиќ разговарал за санкциите на САД за НИС со американскиот потсекретар: Нема добри вести

Српскиот претседател Александар Вучиќ имаше, како што изјави, отворен, искрен и тежок разговор со потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина на САД, Хозе Фернандез.

Разговарале, како што рекол, за важни прашања од билатералната соработка меѓу Србија и САД, особено во областа на енергетиката, објави Телеграф.

-Санкциите беа посебна тема, а за неколку дена ќе можам да ги откријам целосните детали. Секако, немам премногу добри вести за граѓаните на Србија, но Србија ќе ја зачува стабилноста и енергетската безбедност - напиша Вучиќ.

притисни ентер